Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Уште максимум два месеци куќен притвор, наместо 10, максимална казна од 5…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Уште максимум два месеци куќен притвор, наместо 10, максимална казна од 5 години затвор, експресно закажано судење – по речиси година и половина откако се откри криминалот на Артан Груби, влијателниот екс-вицепремиер и десната рака на Али Ахмети за десет дена седнува на обвинитена клупа. Осомничен е за злупотреби од 8,2 милиони евра направени преку „Државна Лотарија„, која на времето беше посочена како главниот банокмат на ДУИ. За разлика од него, прво-осомничениот Препарим Бајрами, кој беше директор на Лотарија во тој период нема а се појави пред судот, бидејќи е сеуште во бегство и по него е распишана меѓународна потерница.

Преку автоматска распределба предметот е распределен кај судијата Билјана Шуплиновска – Јовевски и истиот е насрочен за 24 август во 10 часот, велат од Кривичниот суд.

Експресно закажаното судење следи откако обвинителството само некој ден пред да истече рокот поднесе и официјално обвинение. Притворот на Груби му е продолжен 30 дена, однсно до 13 септември. Мерката домашен притвор максимум може да му се продолжи за уште два месеци – што значи дека во Октомври, Груби или ќе биде на

Реклама

Со оглед дека Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог, мерката притвор согласно со член 470 став 4 од Законот за кривична постапка може да биде најдолго 60 дена од денот на поднесување на предлогот до завршување на главната расправа, односно најдолго 60 дена од денес, соопштува Кривичниот суд.

Интересно е што по година и пол истртрага обвинителството во последен момент го смени и кривичното дело за кое го гони Груби. Иако кога се отрки аферата, тој беше осомничен за делото проневера во службата, сега обвинителите го гонат за злупотреба на службената положба. Првото дело носи максимум 10 годинини затвроска казна, додак за жзклупотерба се лежи најмногу 5 години, од обвинителството засега нема објаснување зошто се премислиле. Инаку, екс-вицепремиерот, екс-директорот, заедно со уште шестмина се обвинето за криминал од 8,2 милипни евра направен преку „Државна Лотарија„. Бајрами, Груби и останатите шестмиина обвинети донеле одлука и организирале електронски игри на среќа, иако „Државна Лотарија„ немала право на тоа. Ова право уште во 2013 година било дадено на нова фирма ќерка, каде што речиси еднакви сопственици биле лотарија заедно со „Казинос Аустрија„. Иако немале право, тргнале во набавка на нови терминали, одлуката ја протуркале преку владата, иако таа не била надлежна. Откако дозна дека е под истрага, Груби избега во странство, но по 14 месеци бегство, во февруари се појави на граничниот премин Блаце, за кратко беше спроведен во Шутка, но веднаш му беше одреден куќен притвор.