Реклама

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Пресуда за Мерко: 5.000 евра казна за незаконското обележје на општината

Стаорците го разбудија Герасимовски – конечно почна вонредната дератизација во Општина Центар

Разбиена мрежа за шверц на лекови: Претреси во три града и шест уапсени

Западно нилска треска одзема уште еден човечки живот

Македонскиот рубин добива „лична карта“ – ќе биде препознатлив национален производ

Градоначалникот на Центар Герасимовски како да се скри во глувчешка дупка

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Прилози

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Подобри услови и за пациентите и за медицинарите. Новиот клинички центар значително…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобри услови и за пациентите и за медицинарите. Новиот клинички центар значително би го подигнал нивото на здравствените услуги. Пациентите веќе нема да чекаат за дијагностики и операции. Нема повеќе да се шетаат пациентите во колички од клиника во клиника и да се мрзнат кога е ладно. Финансиите што се трошат сега ќе бидат намалени затоа што сите клиники ќе бидат споени во една установа. Докторите велат дека ова е најголемата придобивка во македонското здравство, што ќе биде од голема важност за сите.

– Тоа значи, пред сè, работа во нов, посовремен објект, работа со нова, посовремена опрема, која што, ќе признаеме, дека постојаното репарирање, односно обновување на старата, дотраена опрема, и тоа како има големо влијание врз резултатите, нели, од дијагностиката кај пациентите“, изјави др. Каролина Ристова Стефановска – раководител на Здравствен дом Скопје.

Лекарите додаваат дека новите интензивни одделенија, новите операциони сали и централизацијата во лекувањето на пациентите се навистина еден голем чекор во здравството. Со новите услови ќе се намалат и листите на чекање на пациентите, но и бројот на пациенти кои ќе бараат лекарска помош надвор.

Реклама

– Ќе признаеме дека и можеби индиректно, со работата во такви посовремени услови за работа, би ја вратила довербата во македонските доктори, односно во македонското здравство, која што во последно време е намалена, но исто така би се намалил и одливот на нашите колеги во странство“, изјави др. Каролина Ристова Стефановска – раководител на Здравствен дом Скопје.

Воедно, ќе има подобри услови и подготвеност и за студентите и специјализантите. Инаку, Владата новата локација кај „Борис Трајковски“ ја гледа како најсоодветна за нов клинички центар. Се планира со подземни тунели под Илинденска да се поврзе со болницата „8 Септември“, ПЕТ-центарот и Поликлиниката „Букурешт“. На овој начин ќе се добие поефикасно функционирање на здравствениот систем, побрзи дијагностики и операции, со еден збор, поквалитетна здравствена услуга за сите граѓани во Македонија на едно место.