Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, пораката од Струга е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

25 години по потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, пораката од Струга е дека соживотот не се мери само со потпишани договори и политички декларации, туку со тоа како луѓето живеат едни со други.

„Добро е да се одбележуваат мировни потези, но важно е да се постигне нешто во реалноста. И мислам дека она што го чувме убедува дека е на вистинскиот пат“, истакна претседателката Сиљановска Давкова, која не случајно денес ја посети Струга – град со еден од најразновидните и најмешани етнички состави во државата, со население од различни етнички заедници кои со децении живеат заедно. Ова мешано население е една од нејзините најпрепознатливи карактеристики и ја прави специфичен пример за заеднички живот.

„Јас посебно сакав да дојдам кај градоначалникот, затоа што тој беше избран како независен кандидат, зад него застанаа граѓани од различни партии, со различна партиска ориентација, од различна етничка припадност. И ме интересираше во овие неколку месеци кој дух го водел. Дали навистина поделбите што понекогаш и вештачки беа продлабочувани успеа на некој начин да ги ублажи, и што се случува во градот денеска. Да, очигледно е дека има голема разлика“ – вели Гордана Сиљановска Давкова, претседател на Македонија.

Реклама

А реалноста, според градоначалникот на Струга Менди Ќура, веќе покажува промена. Вели дека Струга отвора нова страница во која различностите не се причина за поделба, туку основа за заеднички живот.

„Разговаравме и други теми што беа многу важни за соживотот во Општина Струга. Мислам дека ние заедно веќе имаме нова ера, нова страница, дека овде се живее добро, се живее заедно, се слави заедно и во спортот, и во културата и во другите манифестации кои се можности за добар живот, заеднички живот овде во Струга“ – рече градоначалникот на Струга Менди Ќура.

Четврт век по Рамковниот договор, пораката од Струга е дека – соживотот не е само спомен од едно политичко време, туку задача која секојдневно се потврдува. Мостовите меѓу луѓето се поважни од поделбите, а дали Струга навистина станува пример за тоа, најдобро ќе покажат не декларациите, туку животот и односите на нејзините граѓани.