Различен датум, различен повод, различна партија, но иста матрица. Откако СДСМ и Филипче си ја присвоија историјата и по повод независноста на Македонија го препиша секој успех во изминативе 35 години, така ДУИ и Ахмети си го присвоија Рамковниот договор. Кога се на власт организираат грандиозни и ужасно скапи прослави, а како опозиција бојкотираат се што е во организација на државата. Па така годинава целосно го бојкотираа секој настан, па дури и дебата посветена на договорот, и си организираа своја со свои гости.
„Од ДУИ сметаат дека поседуваат тапија на Рамковниот договор и дека тоа е нивна услуга, односно нивен документ. Без разлика на тоа што Рамковниот договор е дел од Уставот и граѓаните треба да се однесуваат согласно уставот. Второ, ДУИ сака да се претставува како нелегална организација, а денес како политичка партија и не ска да влезе под чадорот на државата и заено да го одбележи денот. Трето ДУИ ова го користи за содзавање на тензии помеѓу двете најголеми нации во Македонија“, смета политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи.

ДУИ останаа на ставот дека нема да учевствуваат на свеченоста организирана од владата, обвинувајќи дека Рамковниот договор е во фаза на постепено укинување од актуелната власт.
„Демократската унија за интеграција беше носител на процесот на претворање на Охридскиот договор од мировен документ во уставна, правна и институционална реалност. За нас, овој јубилеј не е само можност да се потсетиме на постигнатото, туку момент да го кренеме гласот за она што денес е загрозено. Ниту еден чекор назад од еднаквоста, ниту еден компромис со стекнатите права и ниту молк пред обидите за нивно укинување“, објавија од ДУИ.
Експертите сметаат дека ДУИ веќе 25 години го проблематизира спроведувањето на договорт, со цел да извлече политчки поени кај електоратот и дека актуелните обвинувања за ерозија на рамковниот договор се дел на истиот рецепт за политичко делување.
„ДУИ секогаш, секој ден во овие 25 години го одолговлекува спроведувањето на Рамковниот договор и тоа прави тема, за да ги држи своите гласачи во состојба на национализмот“, порача Фаризи.
Од Влен потсетија на времето кога ДУИ беше власт во Македонија и кога Рамковниот договор им служепе како средство за полнење на џебови.
„Охридскиот договор не е приватна сопственост на ДУИ. Тој е резултат на жртвата на една цела генерација. Но она што започна како чин на национална совест, ДУИ го обезвредни, претворајќи го во банкомат за лично богатење. Толку е долга листата на корумпираните функционери на ДУИ кои го користеа Охридскиот договор за да ги полнат своите џебови, што дури и нашиот стратешки партнер јавно зборуваше за „ендемска корупција“ и токму на овие што денес се удираат в гради со „албанството“ им стави печат на корупција“, велат од ВЛЕН.
На 13 август во Скопје, Рамковниот договор го потпишаа тогашниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и лидерите на четирите најголеми политички партии: Љубчо Георгиевски од ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Црвенковски од СДСМ, Арбен Џафери од ДПА и Имер Имери од ПДП.

