Реклама

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Откако СДСМ си ја „присвои независноста“ сега ДУИ го приватизира Рамковниот договор

Лагата за водата во Скопје: Изолирани случаи или добро смислено сценарио за предизвикување паника и несигурност?

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

Прилози

Се повеќе заразени, епидемии, смртен случај: Западно-нилската треска не е вирус за потценување

Пет нови случаи на Западно-нилска треска- информираат  за Алфа од Центарот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет нови случаи на Западно-нилска треска- информираат  за Алфа од Центарот за јавно здравје. Со ова бројката на заболени се искачи на 30 и еден починат пациент. Засилување на мерките е најдобриот начин за превенција од Западно-нилска треска. Епидемиолозите го поздравуваат потегот на надлежните што прогласија епидемија и советуваат на зголемена внимателност кај граѓаните. Советите се посебно да се внимава, да се користатзаштитни средства против комарци, да се носи облека со долги ракави, ако е можно да се стави мрежи на прозорците и вратите и да не се дозволува во дворовите да има застоена вода. Причина за загриженост велат дека нема:

– Добро е што се прогласи епидемија на некои територии да може едноставно да можеме да го интензивираме мерките, кога веќе имате повишено ниво на активности тоа си бара одговорност на институциите но и одговорност и на граѓанитесами да си бидат одговорни за своето здравјеистакна епидемиологот др. Сашко Олумчев.

Бројката на заразени за прв пат е толку голема. Епидемиолозите не исклучуваат нови случаи, но се надеваат дека тие нема да биат со тешки симпроми. Како ќе се смирува летото ќе се намалат и бројките на заразени.

Реклама

– Нема причина за загрижност, меѓутоа заттоа што веќе сезоната ќе биде и при крај. Тоа што е веќе заразено е заразено, ќе има секако уште случаи и тоа не може туку така да настане прекин на самата епидемска крива затоа што сепак иимаме доста единки на овие комарци, Имаме застоени води насекаде  таму бидејќи многу интензивно и многу брзо се множатистакна епидемиологот др. Сашко Олумчев.

Надлежните неколкупати досега извршија авионска и земјена дезинфекција, а допрва ќе има и вонредна. Западно нилската треска е вирусно заболување кое се добива со каснување од заразен комарец. Симптомите се главоболка, треска, висока температура, вкочанет врат, дезориентираност. Периодот на инкубација е од 3 до 14 дена.  80% од инфекциите кај луѓето поминуваат без  симптоми а останатите 20% најчесто се манифестираат како треска која поминува сама од себе, а помалку од 1% од инфекциите  се  со  тешка клиничка слика и тешка инфекција на мозочната обвивка.