Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Доделување награди за младинско учество по повод Меѓународниот ден на младите

Во Музејот на Град Скопје, на Летната тераса, вечерва со почеток во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на Град Скопје, на Летната тераса, вечерва со почеток во 19:30 часот ќе биде одбележан Меѓународниот ден на младите – 12 Август, при што ќе бидат доделени награди за младинско учество.

Наградите ќе се доделат во три категории: „Младински организации, организации за млади и чадор младински организации“, „Неформални групи на млади“ и „Млади и безбедност“. Ќе биде доделена и Награда за партнери на младите во категоријата „Службеник за млади“.

Настанот го организираат Министерството за социјална политика, демографија и млади, Националниот младински совет на Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

Реклама

Како што информираат од  Министерството, настанот претставува можност да се истакнат достигнувањата на младите, да им се оддаде признание на оние кои со својата визија, посветеност и активизам придонесуваат кон развојот на своите заедници, како и да се истакнат институциите, организациите и поединците кои континуирано работат на создавање можности за активно младинско учество.

На настанот поздравни обраќања ќе имаат министерот  за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, претседателката на Националниот младински совет на Македонија Ивона Кузмановска, заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Сузан Пенкса и заменичката на постојаниот претставник на УНДП Ана Чернишова.