Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Муцунски: Kако држава сме созреани да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество

Сметам дека како држава сме созреани да имаме капацитет веќе да ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сметам дека како држава сме созреани да имаме капацитет веќе да ги надминуваме етничките линии и да градиме вистинско граѓанско општество што е насочено пред сѐ на предизвиците на 21-от век и времето во коешто ние живееме. Бидејќи институциите, системот, државата му припаѓаат на граѓанинот пред сѐ, нагласи министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на панел-дискусијата „Иднината на Охридскиот договор и градењето одржлив мир“, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Министерот истакна дека денешната дебата нема за цел да се навраќаме на 2001-та година, туку да дадеме одговор на прашањето каква држава сакаме да имаме во 2051-ва година, што според него значи да ги научиме лекциите од минатото, но многу повеќе да бидеме фокусирани за идниот развој на нашата држава.

Тој истакна дека правата се трајни, но општествата се тие коишто мораат да напредуваат и оти нема дилема дека стекнати права од уставно-правна гледна точка или гледна точка на човекови права во еден поширок поим, не се права на коишто се навраќаме и ги преиспитуваме.

Реклама

– И тука моја најголема грижа, ако ме прашувате која е мојата најголема грижа од политичка гледна точка во нашето општество, е дека сѐ уште постојат поединци и политички субјекти, пред сѐ политички партии, коишто се обидуваат да се наметнат како сопственици на една заедница по етничка линија. Какo само тие да се тие коишто штитат права на една етничка заедница или се грижат за одржување на стабилноста на меѓуетничките релации коишто постојат во државата. И тоа е најпасното, најопсаната теза којашто можеме да дозволиме да постои во нашата држава, потенцира Муцунски.

Според него, на пример политиката на привлекување на странски инвестиции не е политика што е насочена кон една етничка заедница, таа е политика за сите граѓани.

– ​Ние пред сѐ ако погледнете било која политика којашто се гради во рамките на државата, еве политиката на привлекување на странски директни инвестиции – кога се отвора нов субјект, претстава, значи странска компанија којашто доаѓа во нашата држава, кога таа вработува, таа не гледа дали лицето коешто го вработува го носи името Вјоса или Виктор, таа гледа да вработи државјанин на нашата држава, да обезбеди квалитетно работно место и да го вработи најдобриот можен кадар. Политиката на привлекување на странски инвестиции не е политика што е насочена кон една етничка заедница, таа е политика за сите граѓани. И тоа важи и за образовната политика, и за здравствената политика, како што се градат субјекти на јавното здравство, објекти на јавното здравство — на територијата на Скопје, се градат и во Штип, и во Тетово, и во Гостивар, се инвестира во целата држава, истакна шефот на дипломатијата.

И тоа, додаде министерот, е првата порака којашто треба како општество да ја пратиме – дека ние треба да бидеме насочени кон развојни политики кшто ја обединуваат државата, а не политики што ја делат и коишто се обидуваат да наметнат дека само некои субјекти и некои поединци ги штитат пошироките интереси на државата.

– Koга гледаме како кон предизвиците: голем предизвик на нашето општество против којшто се бориме и како влада и како држава е корупцијата. Корупцијата нема етничка припадност. Корупцијата, кога е распространета во повеќе пори на општеството, таа е заедничка борба, заеднички труд на оваа влада да се справи со неа, независно дали е тоа преку системот на јавната безбедност, дали е тоа преку реформа на системот на правосудството. ​И затоа јас би рекол дека пораката којашто треба да ја упатиме е дека првите 25 години коишто сега веќе ги надминуваме беа посветени на градење на доверба, на застапеност и на такви, на такви поими, а следните 25 години мораме да ги насочиме кон одговорност, квалитет и резултати. Не на помалку права, туку на градење на подобри, на подобри и поквалитетни институции, не на помалку различност, туку на повеќе, повеќе заедништво, рече Муцунски.

Тој оцени дека тоа е државата што треба да ја градиме – држава на еднакви права, држава на еднакви можности, но и на лична одговорност. 

– ​И сметам дека, тоа е мое лично убедување, дека како општество сме созреале, сме во една таква фаза на нашиот општествен развој, да го вратиме принципот на заслуга и пред сѐ да создадеме систем на поголема доверба којшто ќе ги задржи младите генерации да сакаат, сакаат да останат во државата. Бидејќи основниот предизвик, ако гледаме од сега до 2051-та година, е предизвикот на демографијата. Кога се иселуваат млади од државата, се иселуваат и Македонци, Албанци, и Турци, Бошњаци, Роми, Власи — сите се иселуваат кога не се создаваат добри услови. А кога се враќаат млади луѓе, како што гледаме во последниот период повеќе примери на млади луѓе коишто се враќаат да ја бараат иднината во државата, тие се враќаат исто така од општества коишто се демократски и етнички созреани и сакаат и тука да живеат во такво општество — општество коешто не е поделено, туку општество коешто е обединето, посочи Муцунски.

Според него, целта на државата пред сѐ треба да биде во рамките на таквите либерални демократски вредности да, да продолжиме да инвестираме, да бидеме фокусирани на проекти коишто ја одржуваат таа стабилност којашто ја имаме во државата.

-Но и на оние поединци и субјекти коишто сакаат сѐ уште низ призмата на дневната политика да нѐ делат по однос на етнички прашања, да им пратиме јасна порака дека таа реторика во ова време во коешто живееме нема да помине, потенцира министерот на панелот по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор.