Реклама

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Прилепчани оперирале од Халкидики до Мадрид

Сиљановска и Јаневска на првиот академски час на УКИМ

Клековски: Современа терапија за цистична фиброза примаат 126 пациенти, меѓу нив и деца над две години

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер жаба

Прилози

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Македонија е пример за државите од Европската Унија, пред се кога е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е пример за државите од Европската Унија, пред се кога е во прашање почитувањето на човековите права. Тоа го потенцираат и голем број европски бирократи. Државава 25 години по воениот конфликт е пример како треба да се развива едно општество и како треба да се напредува во евроинтеграциите. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски, вели дека на патот кон ЕУ, имаме уште точки каде што треба да напредуваме, меѓутоа човековите права се нешто за кое членките може да земат пример од нас.

-Иако не сме земја членка на ЕУ по однос на човековите права, сметам дека во пракса имаме стандарди кои што се и на повисоко ниво од одредени земји членки ЕУ. Иако на многу полиња имаме потреба од дополнителен напредок дополнителен напредок, многу повеќе што треба да направиме, но од областа на човековите права сметам дека сме не само регионален пример, изјави Муцунски.

За напредок кон ЕУ, потребни се и инвестиции во младите кадри, кои треба да бидат способна работна сила за економскиот развој на државата. Според Муцунски наголем доказ дека сите се еднакви, е што фирмите кои бараат способен работен кадар, не гледаат националност, туку знаење.

Реклама

-Кога се отвора нов субјект, претставник на странска компанија која што доаѓа во нашата држава, кога таа вработува, таа не гледа дали лицето кое што го вработува го носи името Висар или Виктор. Таа гледа да вработи државјанин на нашата држава, да обезбеди квалитетно работно место и да го вработи најдобриот возможен кадар, изјави Муцунски.

Дека инвестициите во младите се од голема важност, смета министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати. Вели од способни млади кадри, бенефит ќе види и државата.

-Да се инвестира во младината, значи дека една држава има инвестирано за профил и кадар од кој што наредните 25 години ќе има бенфиција и ќе ги осети сите бенефиции од такви инвестиции што ги има направено и поволности кои што ги ќе има државата, изјави Ферати.

Муцунски потенцираше и дека треба особено да се размислува на генерациите родени по 2001-вата година, бидејќи секој млад човек треба да има можност да успее врз основа на својот талент, образование, труд и карактер, а не неговата иднина да се определува согласно презиме, етникум или партиска книшка.

Матеја Петровски