Реклама

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Tоп

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Најдени траги што зад себе ги оставиле „арамииите“ кои ги украдоа  трансформаторите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдени траги што зад себе ги оставиле „арамииите“ кои ги украдоа  трансформаторите од инфраструктурата на Македонски железници, и направија штета „тешка“ 5 милиони евра. Веднаш по кражбата во електровлечната подстаница Драчево, на 26 јули, полицијата ја почнала истрагата, а откриените траги се дадени на вештачење.

  • „Во врска со тешката кражба на трансформатори во инфраструктура Македонски железници, Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје презема низа дејствија за расчистување на кривичното дело и утврдување на други околности поврзани со истото, при што извршен е увид на лице место и подигнати се траги кои се дадени на натамошно вештачење“ велат од МВР за Алфа.

При кражбата, сторителите насилно превртеле два големи електроенергетски трансформатори, секој тежок повеќе од 30 тони. Од нив било испуштено и истурено трансформаторското масло, а бакарните намотки и останатите вредни компоненти биле отстранети и украдени.

Од подстаницата биле одземени и бакарни жици, бакарни шини и прачки, како и речиси сите уреди и елементи неопходни за нејзиното функционирање.

Реклама

Сето ова да се направи за една ноќ е невозможно доколку не биле инволвирани високостурчни луѓе. Вакви сомнежи има вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој алудира на тоа дека со толку висок напон на електрична енергија не може да управува човек кој нема такви познавања.

  • „Тоа е нешто што може да го направат само високостручни луѓе. Со висок напон на електрична енергија не може да се справи обичен човек ниту, пак, таа механизација што е употребена таму не може да се најде каде било… Тоа е сработено во една ноќ, буквално и очигледно од високопрофесионални крадци. Јас сум убеден, но секако јас не ја водам истрагата, туку МВР, но јас сум убеден дека без луѓе од ЕВН и без внатрешни луѓе од ‘Железница’ ова не може да се направи и веројатно тоа истрагата ќе го потврди, но оставам на МВР да ги процесира оние коишто го направиле ова“, кажа Николоски во гостување на национална телевизија.

Со кражбата, како што соопшти Министерството за транспорт, предизвикано е целосно уништување на значаен дел од електроенергетската опрема на железничката инфраструктура и оти објектот е нефункционален. Сепак, ова не го попречи функционирањето на железничкиот патнички и товарен сообраќај, а според вицепремиерот недлежните имаат и бег ап решение за градскиот воз. Во меѓувреме е донесена одлука за набавка на два нови трансформатори.