Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

МОН: Партнерскиот однос со младите – клуч за иднината на државата

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на младите –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на младите – 12 Август нагласувајќи дека младите се најважен ресурс за развој на државата и оти затоа се залага тие да бидат во фокусот на образовните политики и реформите. 

-Младите се двигател на општествениот развој, а нивното знаење, креативност и енергија се најголемата инвестиција во иднината на државата. Затоа, континуирано работиме на создавање повеќе и подобри можности за образование, личен развој и професионална реализација на новите генерации во сопствената земја. Посветено работиме на јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард преку мерки што обезбедуваат подобри услови за учење и поддршка за секој млад човек. Инвестираме во подобрување на образовната инфраструктура, дигитализација на образовниот процес, квалитетни наставни програми и учебници и создавање средина која ги поттикнува знаењето, иновативноста и креативноста, но и почитта, толеранцијата и единството, информира МОН. 

Министерството додава дека особено внимание посветува на поддршката на талентираните ученици и студенти, затоа што, како што наведува, „веруваме дека секој млад човек треба да добие можност да го достигне својот полн потенцијал“.

Реклама

-Од минатата година низа нови стимулативни мерки се дел од системот за поддршка на талентираните млади кои ја претставуваат државата на големи меѓународни натпреварувања. Во креирањето на образовните политики имаме одлична соработка со ученичките и студентските организации. Нивните ставови, идеи и предлози се важен дел од процесот на носење одлуки, а многу од нивните барања веќе се преточени во конкретни системски мерки и активности. Ваквиот партнерски пристап ќе продолжи и во иднина, затоа што најдобрите политики се создаваат во заедништво со младите, соопшти МОН.