Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Две градинки во Карпош ќе добијат фотонапонски електроцентрали

Советниците од Општина Карпош дале согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Советниците од Општина Карпош дале согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на јаглерод-диоксид, емисиите и подобрување на комфорот на живеење, информираат од Општината. Според предвиденото, фотонапонските електроцентрали ќе бидат поставени во ЈУОДГ „Орце Николов“ – објект Ѕвездички, Карпош 2, сомаксимална моќност до 13kWp и ЈУОДГ „Распеана Младост“ – објект Виножито, Бардовци, со максимална моќност до 9kWp.

Од Општината наведуваат дека за реализација на проектот се предвидени грант средства во вкупен износ од 3.300.000 (три милиони и триста илјади) денари, односно 60.000,00 (шеесет илјади) американски долари. Учество во кофинансирањето на проектот од страна на Општина Карпош е предвидено во износ од 350.000,00 (триста и педесет илјади) денари. Средствата за кофинансирање се обезбедени во Буџетот на Општина Карпош, во рамките на Програмата Р1 – Заштита на животната средина, економска класификација 464990 – Други трансфери.

Станува збор за проект којшто е подготвен како резултат на отворениот јавен повик од страна на ГЕФ Програма за мали грантови, (оперативна фаза 8), имплементиран од страна на УНДП. Оттука, Програмата го следи принципот „размислувај глобално, дејствувај локално”, овластувајќи ги заедниците да придонесат за зачувување на биолошката разновидност, климатска акција, одржливо управување со земјиштето и намалување на загадувањето.

Реклама

Советниците го изгласале и Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Карпош, за извештајниот период за квартал од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2026 година. Според образложението за вториот квартал за 2026, прикажаните планирани вкупни приходи за 2026 година изнесуваат 2.216.812.599 денари, додека пак реализираните приходи за вториот квартал изнесуваат 761.944.165 денари. Во Општинскиот Буџет се планирани приходите во висина од 1.377.715.599 денари, а е остварена реализација на приходите за вториот квартал во износ од 380.335.860 денари.

Општина Карпош исто така ќе и додели хуманитарна финансиска помош на Општина Гостивар во висина од 150.000 денари, наменети за жителите на Гостивар кои беа погодени од загадувањето на водата за пиење. Советниците го изгласале и Решението според кое Локалната самоуправа ќе формира Комисија за проценка и утврдување на штетата од природни непогоди и други несреќи. 

Со одлука на Советот била прифатена донацијата од Друштвото за градежништво, производство, трговија и услуги, увоз-извоз БИТЕМ ДООЕЛ Скопје -станува збор за донација во висина од 570.000 денари кои ќе бидат наменети за санација на оштетениот покрив на ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле.