Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Прилози

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Изгледа само СДСМ и Господ се безгрешни – секој успех, секоја победа,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изгледа само СДСМ и Господ се безгрешни – секој успех, секоја победа, секој чекор напред од незивисноста до денес било нивна заслуга. СДСМ и Филипче во реакцијата околу спотот по повод прославата на 35-годишнината од независна Македонија, се обдиоа да си ја присвојат историјата, но не кажаа ниту збор за катастрофлните грешки кои ги имаат направено, а ја чинат државата премногу. Од отпорот Македонија да се отцепи од Југославија и двосмисленото референдумско прашање, преку приватизацијата, која се памети како најголемиот грабеж на народот во поновата истроија, па се до промената на името и францискиот предлог.

Се фалат со оваа историска изјава на носителот на членската книшка на СДСМ број 1, но забораваат дека токму нивната партија беше таа што даваше отпор на отецепувањето, па дури на народот му поставија двосмеслно прашање на рефрендумот за незавосност кое оставаше можност за приклучување со остатокот на Милошевичевата Југославија.

Но откако народот го кажа своето и Македонија конечно стана самостојна држава, и сите се фокусираа на градење на државата СДСМ имаше друг приоритет – приватизацијата.

Реклама

Проектот на Црвенковски, во режија на тогашниот министер Јане Миљовски, а кој требаше да биде обична трансформација на општествениот капитал, се претвори во невиден грабеж, по кој илајдници луѓе останаа на улица, големите фабрики се разграбаа за евтини пари, и Македонија ги доби своите први олигарси.

Паралалено и додека траеа колежите во Хрватска и Босна, Македонија беше под силен притисок од Грција, која со своите вета ни ги затвораше вратите низ светските организации. И уште тогаш рецептот на СДСМ за излез од таквата состојба беше распродавњето на нацијата. Името на договорот беше времена спогодба.

Влеговме во обединетите нации, но под кованицата ФИРОМ или бившата Југословенска република. Цената беше Шеснаесет-кракото знаме, познато како сонцето од Кутлеш кое мораше да биде  симнато од јарболите. Но не падна само знамето, туку и уставот кога Македонија за прв пат мораше да се откаже од Принска и Егејска Македонија.

Но СДСМ не попушташе само на притисокот однадвор, туку и од внатре.

Во обид да опстанат на власт, со подршка на нивните партнери од Албанскиот политички блок, ја прекроија држвата преку територијалната поделба. Создадоа вештачки општини и некои средини каде мнозинство беа Македонците добија градоначалници Албанци,но и обратно. Ова прекројување донекаде беше и една од причините кои доведоа до конфликот во 2001 година.

И како да не ја научија лекцијата, истото го направија во 2017-та година со фамозната Тиранска Платформа. Ги прифатија сите барањата на Ахемти, само  за да тој помогне Зоран Заев да се устоличи на власт. Цената ја знеме сите – преспанскиот договор.

И покрај противењето на народот, неуспешниот рефенрендум, Македонија насила стана Северна. Но кованицата беше само вовед кон уште еден пораз – францускиот предлог, кој се уште и е врзан на Македонија околу врат, јамка која новата влада се уште не може да ја одврзе.