Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Прилози

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Сите нашинци во Австралија да се запишат како Македонци кои говорат на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите нашинци во Австралија да се запишат како Македонци кои говорат на македонски јазик, на пописот кој започнува денеска. Тоа е шанса која не смее да се пропушти. Вистинските бројки ќе донесат подобро планирање на образовни и културни програми на македонски јазик, финансирање на македонски заедници, клубови и организации, посилна поддршка за изучување на македонскиот јазик, подобро преставување на Македонците во сите нивоа на австралиската власт, зачувување на македонскиот идентитет за идните генерации.

Во разговор за Алфа, Кони Боглис, Македонка од Австралија и советничка во градот Даребин, во државата  Викторија, вели со вистински бројки, наместо статистички невидливи, Македонците ќе добијат поголеми права.

рантови за организации од заедницата, јазични програми, културни настани и активности за млади. Сите тие често се доделуваат врз основа на големината на населението, јазикот и културниот идентитет. Според тоа, недоволното евидентирање на бројноста повторно ги намалува аргументите за добивање поддршка. Кога станува збор за грижата за стари лица и здравството, со стареењето на првата генерација, расте потребата од домови за стари лица кои нудат грижа соодветна на културните потреби, од негуватели што ги разбираат македонскиот јазик и обичаи, вели за Алфа Кони Боглис, советник на град Даребин, во државата Викторија во Австралија.

Реклама

Според последниот попис, 111.000 жители на Австралија се изјасниле дека имаат македонско потекло. Сепак, бројките се многу поголеми, бидејќи голем број од Македонците не ја наведуваат својата етничка припадност и јазик.

-Кога станува збор за верската и културната инфраструктура, за оние што се источни православни или припаѓаат на заедници различни од Грчката православна црква, податоците укажуваат на потребата од теолошки образовани свештеници, богослужбени места, неделни училишта, публикации и културна литература, како и од можност за одбележување на крштевки, венчавки, погреби, имендени и прослави на семејниот светец-заштитник. Сето ова е важно и значајно за нашата заедница, како и за начинот на кој се идентификуваме и слободно се изразуваме како австралиски Македонци, изјави Боглис.

Резултите од пописот внимателно ги следат истражувачи, историчари, Влади, меѓународни институции и странски држави. Бројот на Македонците во Австралија е дел од целокупната слика за македонската дијаспора низ светот. Силните и точни статистички податоци покажуваат дека македонскиот народ има значајно присуство надвор од татковината, придонесува за зачувување на јазикот, културата и традицијата и претставува важен дел од светското македонско наследство.

Матеја Петровски