Реклама

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Македонија

Серафимовски: Пиперката ајварка од утре ќе се откупува по повисоки цени, постигнат договор меѓу производителите и откупувачите со посредство на МЗШВ

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Постигнат е договор пиперката ајварка од утре да се откупува по повисоки откупни цени-прва класа за 40 денари, прва/втора и за индустриски капацитети 30 денари и шкарт како класа 15 денари. Ова во изјава за медиумите го соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски, по утринската средба со производителите, откупувачите и преработувачите во Струмица и откако производителите на пиперка ајварка од струмичко во изминатите денови протестираа поради ниската откупна цена од 25 денари за прва класа.

Министерот подвлече дека цените се постигнати со заеднички договор со производителите и и откупувалите и тој апелираше до преработувачите во наредниот период да се придржуваат на обврските од нивна страна за вистинско класифицирање на пиперката и од страна на откупувачите и добивање на точната информација за квалитетот на пиперката. 

– Воедно апелирам и до земјоделците својот род да го предадат во откупните центри според класификациите кои ги имат дадено и пиперката согласно таа класификација да биде понудена и да ја добијат цената којашто ја очекуваат. Земјоделците  заслужуваат својот труд кој го имаат вложено да им биде евалуиран и истиот да го наплатат по завршувањето на бербата, односно по завршување на сезоната и не само за пиперката туку и за сите останати култури, подвлече Серафимовски.

Реклама

Додаде дека овие состојби не треба да се повторуваат секоја година, туку треба да се надминуваат со системски решенија за кои од октомври повторно ќе се направат состаноци со систе засегнати страни и ќе се побарало решение во делот на законите и подзаконските акти како што се вистинска класификација на пиперката  согласно методологија, потоа рокови за исплата на предаденото во откупните центри и преработувачките капацитети и сето она што ги засега земјоделците за да имаат сигурносот во производството.

– Тука сакам да го истакнам и планираното производство и пласман. Многу е важно да имаме планирано производство кое земјоделците ќе мора да го договараат преку договори согласно Законот за земјоделство и рурален развој кадешто ќе предвидуваат површини кои ќе бидат посадени и нормално количини кои ги очекуваат, рече Серафимовски.

Според Илија Василев, производител на пиперка ајварка, откупните цени може да се каже дека можат да бидат и повисоки, но и овие цени се реални.

– Најважно е да се задржат овие цени и понатаму да нема осцилации и милам дека со тоа ќе бидат задоволни и земјоделците, рече Василев.

На новинарско прашање за неисплатените субвенции за 2025 година и кога тие ќе бидат исплатени, министерот рече дека со ребалансот на буџетот се издвоени една милијарда и двесте милиони денари и на првата владина седница на 18 август ќе бидат усвоени.

– Веќе од 20 август од страна на Агенцијата за финансиска поддршка ќе се подготват налозите за плаќање на субвенциите за крави грло добиток и за житни култури  и ќе бидат исплатени целосно до крајот на август, одговори Серафимовски.

На денешната изјава на министерот Срефимовски присуствуваа и градоначалниците на Струмица и Босилово, Петар Јанков и Ристо Манччев, кои биле активно вклучени во изнаоѓањето на решението за откупните цени на пиперката ајварка.