Реклама

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Македонија

Пецаков: Настаните како „Ohrid Water Festival“ носат квалитет во туризмот во Охрид

Настаните како што се „Ohrid Water Festival“, Фестивалот на виното, Денот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Настаните како што се „Ohrid Water Festival“, Фестивалот на виното, Денот на езерото, Охрид џез фестивалот и „Охрид трчаТ“ го зголемуваат квалитетот на туристи, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Најавувајќи го 4. издание на „Ohrid Water Festival“, тој подвлече дека таквите манифестации го покачуваат не толку квантитетот на туристи, колку што добиваат на квалитет и начин не само на оние коишто учествуваат на настаните, туку и оние коишто доаѓаат за нив.

– Тие се манифестации коишто ние како локална самоуправа почнавме да ги организираме. Веќе растат од година во година, добиваат на бројност и покрај квантитетот којшто можеби и не е толку значаен во вкупната бројка на туристи коишто доаѓаат, сепак добиваме на квалитет, односно туристи коишто покрај Охрид го сакаат и Охридското Езеро и природните убавини коишто ние како град имаме да ги понудиме.  Така да, сето она наследство, културно-историско, природните убавини коишто ги поседуваме доаѓаат на сцена кај сите оние туристи коишто сакаат да уживаат. И затоа токму ваквите настани како Фестивалот на водени спортови и останатите, убеден сум и сигурен сум дека допринесуваат во тоа, рече Пецаков.

Реклама

Во однос на летната туристичка сезона, тој подвлече дека од она што се гледа ја оцени како добра, но бројките ќе ги соопштат на крајот од септември.

– Евидентно е оваа година застапеноста на туристи коишто ретко доаѓале во градот. Кога беше натпреварот Норвешка со Бразил како дел од Светското првенство, ние имавме 50-тина млади луѓе со дресови на Норвешка, нешто што не било за нас искусено во минатото. Поврзаноста којашто ја имаме со Охридскиот аеродром, новите линии коишто се отвораат и лесниот пристап до Охрид на сите оние коишто сакаат да го да го посетат, веќе оваа година е забележливо и во туристичките капацитети,  на плажите и секаде онаму каде што се застапени туристите, подвлече Пецаков.