Реклама

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Македонија

Манасиевски: Талогот од СДСМ единствено што сака е да и наштети на Македонија, за нив уништувањето е пасија

Талогот од СДСМ освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот од СДСМ освен што сака да го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ, сака да ја види Македонија на колена, уништена и мизерна, затоа што тоа им е пасија. Но тоа, нема да го дозволиме, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од фејсбук објавата на партискиот портпарол Валентин Манасиевски со реакција на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ.

Од СДСМ директно се против прославата на независноста која сите заедно сме ја создале. Тие се против се што е добро за државата и даваат се од себе, Македонија да не успее. Патем, најдобар доказ за тоа е шарената револуција која уништуваше се пред себе, само за да дојде на власт и да краде.

Последен пример за напад кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од страна на талогот е уметничката инсталација за 35 години независност на Македонија, на која што се прикажува рефлексија на сонцето. Им пречи македонштината, им пречи историјата, им пречи убавината. Им пречи тоа што наши македонски изведувачи, актери и пејачи, ја шират македонската приказна, ги цитираат стиховите на Рацин, на Конески. Им пречи што се пеат стари народни македонски песни. Им пречи тоа што веќе нема поделби. Им пречи што сите се едни до други во оваа македонска приказна.

Реклама

Ние од нив друго и не очекуваме. Политички лешинари и глодари, таков талог на општеството, 35 години ја уништуваше Македонија. Истиот тој талог, го промени знамето два пати, името два пати, Уставот неколку пати, го избришаа дури и АСНОМ. Ги прифатија сите срамни предавства на штета на Македонија, за тие да си ги полнат своите џебови.

Имаме една порака до тој талог на општеството.

Тоа време заврши. Македонија конечно е горда, исправена и достоинствена. Не коленичи и не се потчинува пред секој оној што ќе го побара тоа од неа. Македонија се возобновува од децениската негрижа на талогот и предавниците.

Македонија ќе успее заедно со граѓаните. Затоа што силно светнал ден!

П.С. Фотографијата на објавата е од логото на 35 години независност на Република Македонија, насловен „Силно светнал ден’’.