Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да го истражи случајот зошто Филипче и власта на СДСМ дозволувале гостиварци да се трујат со години

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Политичкиот талог создаден со години корупција, криминал, клиентелизам и предавнички политики од кој произлезе и Филипче денес е најгласен и се обидува да се претстави како морален авторитет.

Филипче нема кредибилитет да држи лекции за јавното здравје бидејќи тој знаел и молчел додека граѓаните на Гостивар со години пиеле загадена вода.

Реклама

Со години Филипче и власта предводена од СДСМ добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.

Проблемот со водата во Гостивар е стар и е одлика на децениската негрижа на локалната власт.

Филипче со компромитираните кадри околу него нема кредибилитет да морализира за случајот во Гостивар, каде Филипче даваше огромна поддршка и мобилизираше луѓе за Валбон Лимани кој изјави дека не чувствува никава морална одговорност за скандалот со водата.

Кадрите на Филипче, ДУИ и Таравари во Гостивар беа неспособни да се справат со ситуацијата па затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење и секојдневно грѓаните на Гостивар добиваат флаширана вода за пиење.

ЈО да го истражи случајот зошто Филипче и власта на СДСМ дозволувале гостиварци да се трујат со години.