Реклама

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром

Филипче на удар по собранискиот испад – и довчерашните поддржувачи бараат оставка

Николоски: Ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ

Фон дер Лајен во Скопје на средби со државниот врв – во фокусот европската интеграција на земјата

Николоски од Брисел: Посветно ги спроведуваме реформите и Планот за раст на ЕУ, единствената причина зошто не напредуваме е ветото од Бугарија

Мицкоски: Македонија и САД, сојузништво засновано на доверба, поддршка и пријателство

Македонија

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема ништо тајно. Владата има јасна и цврста позиција дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на една од националните телевизии, нагласувајќи дека блокадата од страна на Софија е политичка и нема врска со реформскиот напредок на земјата и дека Македонија во моментов постигнува најдобри резултати во однос на реформската агенда.

Осврнувајќи се на критиките од опозицијата за престојот на премиерот во Брисел, Николоски ги нарече „безобразни“, појаснувајќи дека се работи за приватна посета и право на краток одмор со семејството. 

Прашан што се случува во преговорите со Бугарија, Николоски во гостувањето на Сител телевизија, изјави дека работите се тие коишто ги знаеме –  од една страна имаме наследен договор којшто претходната Влада го потпиша така како што го потпиша, а најголем проблем е дека потпиша договор којшто не беше во можност да го испорача, а од друга страна имаме многу јасна и цврста позиција на ВМРО-ДПМНЕ и на сегашната Влада дека нема да има уставни измени под бугарски диктат. 

Реклама

-Нормално е двете држави да комуницираат, нема ништо страшно во комуникацијата. Поентата е дека доколку се најде решение, тоа ние инсистираме и така ќе биде, да биде во рамки на принципите коишто ги има ВМРО-ДПМНЕ и Владата. Ако тие принципи не се почитуваат, тогаш нема да има решение. Поедноставно од ова не можам да го кажам – изјави Николоски. 

​Прашан што е различно од лани и сега во преговорите со Бугарија, Николоски рече дека тој не гледа ништо различно.

​-Факт е дека има еден позитивен моментум во однос на проширувањето, што можеби не го гледавме минатата година или пред две години. И, исто така, е факт дека посветената работа на Владата, со лична координација на премиерот Мицкоски во однос на реформската агенда, дава големи резултати покрај за реформите, покрај за финансискиот прилив во државата и за имиџот на државата – изјави Николоски. 

Премиерот Мицкоски, посочи Николоски, е единствен премиер од сите шест земји во Западен Балкан којшто лично ја води реформската агенда, лично ги води состаноците со Европската Унија, на коишто присуствуваме сите членови на Владата, и, како што нагласи „во моментов Македонија е убедливо најдобра по перформанс во однос на реформската агенда“. 

-Така што тоа многу допринесува за кредибилитетот на Македонија, затоа што покажуваме дека ние навистина сакаме и правиме реформи и дека блокадата од Бугарија е политичка, а не е поврзана со било кој сегмент од реформите — дали се владеење на правото, дали се економски реформи, дали се социјални реформи, дали е инфраструктура. Така што тоа многу помага на подобрување на имиџот на државата – изјави Николоски. 

​Прашан дали премиерот во рамки на екскурзијата во Белгија ќе има и политички средби и разговори поврзани со блокираните евроинтеграции, Николоски, рече дека „од она што го знам, се работи за приватна посета“. 

-Сите имаме право на одмор, секако и премиерот има право на одмор…  Секој си го бира своето место. Мислам дека, да бидам директен, е безобразно ова што го прави опозицијата. Да не му се дозволи на човек 5-6 дена да одмори во услови кога лидерот на опозицијата месец дена не сме го виделе, веројатно е во Грција, и што е негов избор, и тоа никој не го коментира. А од друга страна, во овие пет дена во коишто премиерот решил да се види со семејството, да пропатуваат заедно, да вака се прави напад, мислам дека е безобразно, немам друг збор – изјави Николоски. 

Николоски, нагласи дека се навикнати на ваквите напади, посочувајќи дека тоа го правеле и „додека бевме во опозиција и сега кога ја водиме државата“. Но, како што подвлече „и граѓаните го гледаат тоа и затоа рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е тој што е, а рејтингот на СДСМ е тој што е“.