Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Регистрирани 15 пожари на отворено – седум се изгаснати, шест се активни, а два се под контрола

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.

Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица – ниска вегетација; во Општина Центар Жупа кај с. Плареник – сува трева и нискостеблеста шума; во Општина Кичево, во близина на турските гробишта гори ниска вегетација и стрниште; во Општина Битола кај с. Букри – ниска вегетација и во Општина Долнени кај с. Житоше гори ниска вегетација.

Под контрола се ставени пожарите во Општина Крива Паланка, на излез од Крива Паланка каде гореше депонија и во Општина Делчево кај градската депонија гореше депонија.

Реклама

Како што информира ЦУК, изгаснати се седум пожари во Општина Новаци – на патот пред РЕК Битола каде гореше ниска вегетација; во Општина Велес кај м.в. Кулата – нискостеблеста поретка шума и ниска вегетација; во Општина Босилово помеѓу с. Турново и с. Секирник  – стрниште; во Општина Штип кај с. Лакавица – ниска вегетација и грмушки; во Општина Градско покрај компанијата „Жито Вардар“ – ниска вегетација; во Општина Неготино кај воениот полигон Криволак – ниска вегетација и во Општина Арачиново кај с. Арачиново гореше депонија.