Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Водата во Куманово безбедна за пиење

Водата од кумановскиот водоводен систем е безбедна за пиење, покажуваат досегашните анализи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Водата од кумановскиот водоводен систем е безбедна за пиење, покажуваат досегашните анализи од Центарот за јавно здравје, лабораторијата на филтер-станицата и Институтот за јавно здравје, информира Тони Јовчевски, раководител на Филтер-станицата Куманово. Во услови на летни горештини, од водоснабдувањето велат дека засега нема поголеми нарушувања, но зголемената и нерационална потрошувачка може да предизвика намален притисок во повисоките делови на градот.

-Водата во Куманово се контролира од 11 мерни места, меѓу кои е и Филтер-станицата, а се вршат и периодични, проширени анализи на секои три месеци. Водата од водоводниот систем во Куманово е безбедна за користење според досегашните резултати. Анализите се земаат и од Центарот за јавно здравје, од нашата лабораторија и од Институтот за јавно здравје. Сите анализи досега покажуваат дека водата е безбедна за пиење, вели Јовчевски.

Тој додава дека во одредени временски и други неповолни услови може да дојде до отстапувања во квалитетот, но таква ситуација во моментов нема.

Реклама

-Имаше невреме во 2024-та водата во браната беше заматена, јавноста беше информирана навреме. Засега, за среќа, немаме таква ситуација. Немаме проблеми ниту со пречистувањето на водата, ниту со потрошувачката на средствата за пречистување. Водата од станицата, како и од Бедиње и Митев Мост, е целосно безбедна за пиење, посочува Јовчевски.

Во однос на резидуалниот хлор, Јовчевски објаснува дека станува збор за хлорот кој се додава по пречистувањето и кој има улога на дополнителна заштита на водата во водоводниот систем. 

-Резидуалниот хлор е хлорот кој се додава во водата по пречистувањето и всушност е стражарот на водата за пиење, односно служи како заштита од евентуално секундарно загадување и за уништување на микроорганизмите кои би можеле да бидат присутни во водата, вели Јовчевски.

Количината на резидуалниот хлор на крајните потрошувачки места, како што појаснува, зависи од повеќе фактори, меѓу кои потрошувачката на вода, местото во водоводниот систем и температурата на водата и надворешната температура. Во однос на водоснабдувањето во текот на летото, тој вели дека засега нема поголеми проблеми, иако потрошувачката е зголемена.

-Имајќи предвид дека акумулациите оваа година беа полни, Водостопанство редовно пушта дополнителни количества вода преку бајпас, а се користат и количествата од Митев Мост и Бедиње. Досега немаме забележано поголемо нарушување на водоснабдувањето, вели Јовчевски.

Сепак, во вечерните часови, особено во периодите со најголема потрошувачка, може да се појави намален притисок во повисоките делови на градот. Причина за тоа, според Јовчевски, е нерационалната потрошувачка во пониските делови, од каде што се преземаат големи количества вода, што влијае врз притисокот во повисоките зони.

-Веројатно најголемата причина за ваквите појави е неовластеното користење на водата од системот, односно диви приклучоци кои се користат за наводнување, но и за полнење базени- вели Јовчевски.

Од водоснабдувањето апелираат водата од системот да се користи рационално, особено во периодите на најголема потрошувачка, со цел да се обезбеди стабилен притисок и непречено снабдување за сите корисници.