Општина Велес во соработка со Здружението за лица со церебрална парализа и други попреченост ги поканува сите граѓани на проекцијата на краткометражниот филм „Поинакви“ што ќе се одржи вечерва со почеток во 21 часот во Europe House во центарот на Велес, поранешно кино „11 Октомври“, во рамките на „Велешко лето 2026“.
Од Општина Велес информираат дека низ приказната на Јордан, филмот нè доближува до светот на лицата со аутизам, нивните секојдневни предизвици, но и талентот, љубовта, искреноста и радоста што тие го носат со себе.
Воедно проекцијата има за цел, заедно да погледнат една поинаква приказна која нè потсетува дека различностите не треба да нè разделуваат, туку да нè учат подобро да се разбираме и прифаќаме.

Од Општина Велес потенцираат дека „Поинакви“ е приказна што нè учи да гледаме од друга перспектива.

