Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мисајловски: Храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации

Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за татковината кај месноста Љуботенски Бачила, да се спомнуваат со гордост, а нивното дело да биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината, напиша денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил.

Како што наведува Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните генерации.

– На денешен датум, Македонија изгуби уште осум свои синови, осум македонски херои, припадници на резервниот состав на македонската Армија: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Раде Јанковски. Пред 25 години, кај месноста Љуботенски Бачила, тие храбро го положија својот живот за татковината. Нивната храброст и пожртвуваност се траен аманет за идните генерации. Нивните имиња нека се спомнуваат со гордост, а нивното дело нека биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината. Вечна слава на македонските херои, пишува министерот Мисајловски.