Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Дијана Илиевска.
Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ што е можно за да обезбедиме линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари. И наместо тоа, Владата испорача уште повеќе и за пензиите, за секој пензионер линеарно ги зголеми за 7.000 денари.
И покрај обидите на поединци блиски до СДСМ и опозицијата преку иницијативи пред Уставниот суд да ја оспорат оваа мерка, Владата остана доследна на својата определба да ги заштити интересите на пензионерите и да обезбеди подобар животен стандард.

За семејствата во кои двајца членови се пензионери, ова значи дополнителни 14.000 денари месечно во домашниот буџет. Ова се финансиски средства кои значително придонесуваат за подостоинствен живот на пензионерите и за нивно полесно справување со секојдневните трошоци.
Од друга страна, потенцираме дека Владата останува на ставот дека нема да има зголемување на старосната граница за пензионирање. Проблемите се јасно детектирани, се преземаат конкретни мерки, а новиот Буџет има силна развојна компонента која ќе придонесе економските индикатори дополнително да се подобруваат.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на политики кои носат реални резултати, поголем животен стандард и подостоинствен живот за сите граѓани, а особено за пензионерите кои со години ја граделе државата.

