Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Оддавање почит на загинатите бранители кај Љуботенски бачила: Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе не обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното дело, порача Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, на центраталната комеморативна манифестација кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково организирана од Општината по повод 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила. 

Како што истакна Стојкоски, подвигот на бранителите не е само дел од историјата, туку претставува вечен завет – со храброст, чест и љубов кон Македонија. 

-Овој споменик секогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Марјанчо Бошковски, Бранко Јанев, кои во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила ги положија своите животи бранејќи ја државата, нејзиниот мир, достоинство и слобода. Да зборуваме за овие јунаци во нашите домови, да ги спомнуваме во училиштата, да ги воспитуваме младите да знаат дека слободата што денеска ја живееме има своја цена и свои жртви. Како Општина ќе продолжиме достинствено да го негуваме споменот на нашите херои, не зашто тоа е наша должност, туку зашто е и наша чест, зашто народ што ги почитува своите херои има иднина, народ што ги заборава го губи сопствениот идентитет. Да ја чуваме Македонија обединети и достоинстевни и да не дозволиме жртвата на бранителите да избледи во времето, нагласи градоначалникот.

Реклама

Тој на семејствата на загинатите бранители им вети дека нивните имиња нема никогаш да исчезнат од македонската колективна меморија.

-Вашата болка е и наша болка, болка на целото општество. Свесен сум дека ниту еден збор не може да ја ублажи тагата што ја носите 25 години. Не постои признание што може да ја надомести загубата на син, сопруг, брат или татко, но постои нешто што како држава, општина и како народ сме должни да ви го ветиме, а тоа е дека нивните имиња нема никогаш да исчезнат од нашата колективна меморија и дека со грижа и почит ќе продолжиме да се однесуваме кон нивните поколенија. Бидете сигурни дека вашето достинство е пример за сите нас, а нивната жртва е темел врз кој почива слободата која ние денеска ја живееме, потенцира Настевски.

Градоначалникот изрази благодарност до сите припадници на АРМ и на безбедносните сили.

-Македонскиот народ отсекогаш знаел дека слободата не е подарок, туку дека се заслужува, брани и чува. Нашите бранители тоа најдобро го покажаа – со борба и со жртва која ги вброи меѓу бесмртните херои на Македонија, рече Настевски.

Чествувањето на 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, започна во 8 часот со положување цвеќе кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров.

Почит на бранителите им одадоа претставници од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводени од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и делегација од Владата составена од министрите за транспорт, образование и наука и за земјоделство Александар Николоски, Весна Јаневска и Борче Серафимовски. На церемонијата се и делегација на здружението на бранители на Македонијa, здружението на воени ветерани и воени инвалиди – „Братство 2001“, здружението на борците на Општина Ѓорче Петров, здружението на пензионери на Општина Ѓорче Петров, како и делегации на ВМРО-ДПМНЕ – Општински комитет Ѓорче Петров, на Општинската организација на СДСМ, на Либерално демократска партија, Движењето „ЗНАМ, Социјалистичката партија, Левица, Општинската организација на ДОМ – Ѓорче Петров, како и претставници на семејствата на загинатите бранители, роднини и пријатели.

Во 10 часот е предвидено полагање венци кај споменикот на загинатите бранители во селото Љубанци, а во 12 часот и кај спомен-плочата во касарната „Илинден“.

Со активностите ќе биде одбележан споменот на припадниците на резервниот состав на Армијата кои ги загубија животите во конфликтот во 2001 година.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.