Реклама

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Македонија

Велешани го чествуваат својот празник – заштитникот на градот Свети великомаченик Пантелејмон

Во соборниот храм на Повардарската епархија „Свети великомачник Пантелејмон“ во Велес утрово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во соборниот храм на Повардарската епархија „Свети великомачник Пантелејмон“ во Велес утрово се одржа Света празнична Архиерејска литургија со која чиноначалствуваше митрополитот повардарски Агатангел заедно со православното свештенство на Повардарската епархија, а во присустсво на голем број православи верници. Со тоа беше заокружена програмата за одбележување на  празникот на патронот и заштитник на Велес, Свети великомаченик Пантелејмон.

Во присуство на голем број граѓани православни верници кои палеа свеќи за здравје пред храмот на заштитникот на Велес, внатре во Соборниот храм на Повардарската епархија програмата започна синоќа со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше митрополитот повардарски Агатангел. На свеченоста пред присутните се обратија градоначалникот Марко Колев и протоереј Ристе Јанушев. Тој во своето обраќање потсети дека овој величествен храм посветен на Свети Пантелејмон, не е само место за богослужба, тоа  е срцето на духовниот живот на Велес.

-Тој е место каде што генерации наши претци се крштевале, се венчавале, се молеле и ја црпеле силата да ги надминат сите животни искушенија. Во секој негов камен се вградени, верата, солзите и надежта и пожртвуваноста на оние што верувале дека без Бога нема вистинска слобода, нема вистински мир и нема вистинска иднина. Нашите претци не изградиле само храм, тие изградиле сведоштво, дека народ кој верува во Бога никогаш не може да биде духовно поразен, потенцира протоереј Јанушев.

Реклама

Тој потсети дека Свети Пантелејмон како лекар ги лекувал човечките тела, но како Христов ученик ги лекувал човечките души и не ги прашувал луѓето дали се богати или сиромашни, не ги делел на пријатели и непријатели. Но, додаде, денес две илјади години подоцна, светот повторно бара од човекот компромиси со вистината, совеста и верата.

Воедно им порача кога ќе се вратат во своите домови, да не понесат само убав спомен од овој празник, туку и цврста одлука да бидат подобри луѓе отколку што биле вчера.

-Така најдостојно ќе го прославиме Свети Пантелејмон, така најдостојно ќе му се заблагодариме на Бога и ќе покажеме дека неговото дело продолжува да живее во сите нас, порача протоереј Јанушев.

Програмата беше збогатена со  музички колаж на Јована Богдановска и бенд.

Инаку црквата „Свети великомаченик Пантелејмон“ која е и Соборен храм на Повардарската епархија во високиот стрмен дел на еден од ридовите над Велес е изградена во 1840 година  од македонскиот неимар и градител на цркви Андреја Дамјанов со неговите браќа родум од велешкото село Папрадиште. Во кругот на црквата се наоѓа и неговиот гроб, како и гробовите на многу велешани низ минатото до денес, каде се и едни од трите градски гробишта на Велес.

Црквата е позната по прекрасната акустика добиена како резултат на вградување на грнчарски производи, како и користење на лушпи од јајца во малтерот. Таа е една од културно-историските споменици на Велес кој го посетуваат многу домашни и странски туристи и разни делегации и групи при престојот во Велес.