Во селото Себиште административната единица Стеблево, кое едно од 22 села во областа Голо Брдо во Албанија, населени главно со Македонци, се наоѓа едно ретко природно богатство кое привлекува внимание со својата убавина и геолошка вредност.
-Станува збор за Пештерата во Себиште, природна формација која била откриена случајно и во својата внатрешност крие фасцинантен свет од сталактити и сталагмити, создадени во текот на илјадници години, објави весникот „Илинден“.

Овие карактеристични карпести формации, создадени постепено под влијание на природните процеси, ја прават пештерата место од особен интерес за љубителите на природата, геологијата и истражувањето на природното наследство.

Сместена во планинскиот предел на Голо Брдо, пештерата претставува уште еден доказ дека ова подрачје крие природни богатства кои сè уште не се доволно познати за пошироката јавност.

-Откривањето и промовирањето на ваквите природни локалитети може да придонесе за развојот на природниот и авантуристичкиот туризам во Голо Брдо. Во исто време, посетата на пештерата треба да биде проследена со особено внимание кон заштитата на нејзините природни формации, наведува весникот.
Се оценува дека оваа пештерата е едно од скриените богатства на Голо Брдо и уште една потврда дека природата во овој регион крие многу места кои допрва треба да бидат откриени, истражени и соодветно заштитени.

