Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Мерџановски: Со владин авион во Скопје транспортиран пациент повреден на одмор во Турција

Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пациент од Скопје кој се здобил со сериозна повреда на рбетниот мозок за време на одмор во турското летувалиште Кушадаси е транспортиран во земјава со владин авион и е хоспитализиран на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување (ТОАРИЛУЦ), истакна директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот се повредил при несреќен случај на тобоган, по што на 23 јули му била извршена хируршка интервенција во болница во Кушадаси, каде што бил задржан на лекување до денеска.

По барање на турските лекари и поради сериозноста на повредата, бил организиран воздушен медицински транспорт со владин авион.

– Од колегите беше побарано пациентот да биде транспортиран по воздушен пат поради сериозноста на повредата и потребата од брз транспорт. Голема благодарност до Владата и до Службата за општи и заеднички работи, кои излегоа во пресрет за реализација на транспортот – истакна Мерџановски.

Реклама

Тој посочи дека во Турција бил испратен медицински тим предводен од раководителката на КАРИЛ, д-р Марта Тренева, кој го презел пациентот и го придружувал при транспортот до Скопје.

Според Мерџановски, пациентот е успешно пренесен и сместен на Клиниката за интензивно лекување, каде што ќе продолжи третманот.

– Пациентот е во здравствена состојба што бара интензивно лекување. Ја разгледавме медицинската документација и можам да кажам дека операцијата извршена во Турција е задоволителна и добро направена. Повредите на рбетниот мозок се меѓу најсериозните повреди – рече Мерџановски.

Тој најави дополнителни испитувања и понатамошна рехабилитација, вклучително и физикална терапија во спиналниот центар во земјава.