Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот на Македонија, СДСМ, да престане да шири лаги и паника, Националниот дата центар е во корист на граѓаните

СДСМ продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ продолжуваат со својот филм во кој има само лаги и ширење на страв во јавноста, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес на прес-конференцијата од СДСМ покажаа дека или не знаат или намерно ги мешаат фактите. Па така не се знаеше што мислат за големите комерцијални дата центри и Националниот дата центар што Владата планира да го изгради само за потребите на државата и на граѓаните.

Еве кратко ќе им објасниме да си знаат и да научат за во иднина.

Реклама

Целта на Националниот дата центар е на едно современо, високо заштитено и енергетски ефикасно место да се складираат податоци кои сега се расцепкани низ различни дата центри и функционираат со различни стандарди за безбедност. Со ова државата штеди и добива централизирана инфраструктура со значително повисоки безбедносни стандарди, а средствата планира да се обезбедат во форма на грантови и дополнително со поволно финансирање од меѓународни партнери.

Резултатите во областа на дигиталната трансформација не се празна политичка парола, туку нивната основа е во фактите кои ги пишува во Извештајот на Европската комисија за 2025 година.

А што правеше СДСМ за дигиталната безбедност додека беше на власт.

Колку за илустрација, проблеми се јавуваа на официјалната веб страница на Владата, имаше хакерски напади на веб страниците на Државната изборна комисија, Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и слично.

СДСМ ја остави државната дигитална инфраструктура во хаос, а денес Владата предводена од ВМРО–ДПМНЕ става крај на хаосот.

Добронамерно им советуваме на СДСМ да престанат со лаги и ширење на паника меѓу граѓаните, бидејќи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи одговорно во корист на граѓаните, во конкретниов случај да немаат проблем со нивните податоци и да можат навремено да ги добиваат услугите од државата кои им следуваат.

Од СДСМ секој ден сами покажуваат дека се талог на општеството.