Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Битолскиот Камерен оркестар ќе одржи концерт на Големо Езеро на Пелистер

Битолскиот Камерен оркестар со поддршка на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, на 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Битолскиот Камерен оркестар со поддршка на ЈУ Национален парк „Пелистер“-Битола, на 14 август на Големо Езеро на Пелистер ќе одржи целовечерен концерт.

Изборот на времето и локацијата се совпаѓаат со персеиди, метеорски дожд што се појавува секоја година во август од соѕвездието Персеј, истакна Љупчо Милевски, директор на ЈУ Камерен оркестар на Битола, на прес конференција што се одржа на Големо Езеро.

-Долго време размислувавме да одржиме концерт на Големо Езеро на Пелистер, на надморска височина од 2.218 метри, и тоа ќе биде на 14 август. Ќе приредиме концерт на класична музика со 12 изведувачи, членови на битолскиот Камерен оркестар. На репертоарот ќе има класична музика која се совпаѓа со амбиентот на Големо Езеро, но и звукот кој може да се произведе и чуе на овој прекрасен природен простор, бидејќи има одлична акустика. Композициите се посветени на персеидите, метеорскиот дожд, на ѕвездите, на се што е убаво во овој импресивен амбиент, истакна Милевски.

Реклама

Соработката со Јавната установа Камерен оркестар на Битола и Јавната установа Национален парк „Пелистер“ е констинуирана, а овој пат наша водилка беше промоцијата на националното природно богатство со културен настан, нагласи Иванчо Тошевски, директор на ЈУ Национален парк „Пелистер“ Битола.

-Сведоци сме дека во последниов период, во светот се организираат концерти и културни настани со цел да се промовира национално природно богатство. Идејата за организирање концерт што ќе го изведе битолскиот Камерен оркестар на Големо Езеро е жива подолго време, но дојде денот ние како установа и Камерниот оркестар заеднички да приредат еден мал подвиг за кој е многу тешко да се обезбеди целата логистика, но ние тоа ќе го направиме. Предизвикот е во тоа што на Големо Езеро ќе има концерт без озвучување и со цел да се чуе и доживее музиката на овој простор. Според мене околината на Големо Езеро е еден од најакустичните природни простори во Македонија, посочи Тошевски.

На Големо Езеро (2.218 м.н.в.), на Пелистер годинава значително е зголемен бројот на љубители на природата, особено е забележливо присуството на туристи од Холандија, Белгија, Италија кои ги затекна за време на прес конференцијата на Големо Езеро на Пелистер.