Реклама

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

Македонија

Општина Аеродром домаќин на најголемата урбана гастрономска приказна оваа година – Aero street food festival 2026

Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од 4 до 8 септември Општина Аеродром повторно ќе биде епицентар на добрата храна, македонската музика и урбаната забава. Второто издание на AERO Street Food Festival годинава пристигнува во уште поголем формат, со побогата гастрономска понуда, атрактивна музичка програма и содржини за посетители од сите генерации – соопшти Општина Аеродром. 

Во текот на петте фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во специјалитети подготвени од повеќе од 15 познати гастрономски брендови, меѓу кои Mustacos, Loras Sushi, Fat Kitchen, Jojo’s BBQ, Oljo’s, Noa Gyradiko, Scoop, Bistro 64, Smash Burger, Sorelle, 11: Eleven, Сутлијаш бар, Трансилваниско трдло, Pizza Vice City, Дестан, Milkey и други.
Од бургери, такоси и гиро, преку суши и различни интернационални специјалитети, па сè до атрактивни десерти – годинешното издание носи значително побогата понуда, со вкусови за секој поединец. 

AERO Street Food Festival и оваа година останува доследен на определбата да даде простор исклучиво на македонски изведувачи и да ја промовира домашната музичка сцена. Фестивалската програма ќе понуди настапи на познати музички имиња, бендови и диџеи, со различни жанрови и музички изрази наменети за повеќе генерации.

Реклама

Секоја фестивалска вечер ќе биде исполнета со музика во живо и DJ-сетови. На сцената ќе настапат South Park, Ringtones, Dopamine, Marbel, Acoustic Division со трибјут посветен на Владо Јаневски, Милан Серафимов, Александар Јорданов, „Јанко петел јаваше“, DJ Marko, DJ Vaso, DJ Rizinski, Fluere, DJ Guardian и DJ Ficho. Фестивалот ќе заврши со настап на диџеите од Sure Shotz и специјален трибјут посветен на ДНК.

Со спојот на квалитетна street food понуда, македонска музика и урбана атмосфера, AERO Street Food Festival има цел да создаде препознатливо место за дружење и забава, каде што заедно ќе уживаат семејствата, младите и сите љубители на добрата храна и музика.

Настанот е поддржан од Општина Аеродром и Град Скопје, кои ја препознаваат неговата важност за збогатување на културната и забавната понуда во градот, како и за промоција и поддршка на домашната музичка и локалната гастрономска сцена.