Реклама

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Бројките охрабруваат: За стабилна инфлација треба зголемување на домашното производство

И граѓаните го препознаваат „талогот“ во СДСМ: „Филипче си е добар неврохирург, не треба се занимава со политика“

Мерките за самовработување даваат резултат – невработеноста на историски најниско ниво од 11,3%

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви, за дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела

Талогот во СДСМ не знае да стои, да размисли што прави, зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Талогот во СДСМ не знае да стои, да размисли што прави, зошто партијата ја доведоа до ова дереџе, скраја да е да им текне да даваат предлози за доброто на државата и граѓаните или пак да учествуваат во аргументирани дебати. Тие од се во државата прават скандали за да печалат политички поени да го трујат народот, а кога немаат случај, тие си креираат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Таков беше и случајот од пред неколку дена во Ново Село, каде што предавникот Филипче се обиде насила да создаде инцидент и политички спектакл, за сега кои беа со него, осудени наркомани и насилници, да ги претстави како „деца на Македонија“.

Лицата со кои Филипче се појави во Ново Село не се невини жртви како што сака да ги претстави, не се деца, а најмалку невини. За дел од нив постојат правосилни судски одлуки за кривични дела поврзани со насилство и наркотични средства.

Реклама

Едниот од нив, Христијан Ефтимов е внук на Вице Заев и менаџер во „Тотал Инженеринг“. Ефтимов, заедно со Илија Стојанов, е правосилно осуден на условна казна затвор во траење од една година и шест месеци за крвнички тепање луѓе на плоштадот во Струмица.

Илија Стојанов, пак, покрај насилство, има и правосилна условна пресуда за кривично дело по член 215 став 1 од Кривичниот законик, поврзано со неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

И ова не е сè. Во паничното обраќање на Филипче од Ново Село, до него стоеше и Зоран Трифуновски, организациски секретар на СДСМ, кој според јавно достапните информации станува збор за лице кое се гонело за обид за убиство и има богато досие за насилство и тепачки.

Меѓу другото, Трифуновски бил вработен во МВР, во обезбедувањето на Шеќеринска, и важи за близок човек на Зоран Заев, а во 2023 година, СДСМ го назначи за директор на МЖ Инфраструктура.

Венко Филипче со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, за да настрадаат недолжни луѓе и граѓани. Исто како што пушташе насилници и провокатори во Ташмаруништа.

Наместо да се дистанцира од лица со ваков багаж, насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги, талогот од СДСМ сакаше да предизвика инцидент во Ново Село, како што тоа го направи и во Ташмаруништа. Недолжни луѓе да настрадаат, за талогот од СДСМ и Венко Филипче политички да профитираат.

Токму такви насилници и корисници на дрога, како што се Ефтимов, Стојанов, Трифуновски, Филипче ги носи со себе и се обидува да ги претстави како симбол на младоста и иднината на Македонија.

Ваквите ликови ниту можат да бидат „децата на Македонија“, ниту можат да се продаваат како новото лице на СДСМ.

Тие единствено можат да бидат и се талогот во македонското општество, кои се фатиле за позиции и со сите сили се обидуваат да ги задржат, додека за вистинската, чесна и образована младина не отстапуваат место.

На таквите лица не им е местото ниту во политиката, ниту во високите општествени кругови каде шират тези за да им ја убијат надежта на граѓаните.

Сите тие кои цел живот се на државни и партиски позиции, кои освен за своите џебови, за државата не направија ништо, заедно со народот ќе ги поразиме.