Триесет и шестото Генерално собрание на Светскиот македонски конгрес ќе се одржи денеска со почеток во 10.30 часот во големата сала за состаноци на Советот на Град Скопје.
На дневен ред на Генералното собрание е носење на повеќе одлуки: Одлука за прием на нови членки во, Одлука за доделување на највисокото семакедонско признание – почесната титула Македонски сенатор, Одлука за доделување на највисокото семакедонско одликување – Големо сонце на македонската империја, Резолуција за осуда на геноцидот врз македонскиот народ, Одлука за формирање комисија за изменување и дополнување на Македонската национална програма донесена на 7 август 1993 година, Резолуција за македонска општина Пустец во Албанија, Резолуција за прогласување на географскиот центар на Македонија, Резолуција за македонско-бугарските односи, Резолуција за избирачкото право на Македонците во светот.
Утре од 11.30 – 12.00 часот ќе се одржи панихида на гробот на Гоце Делчев во македонската православна црква „Свети Спас” до Калето.

