Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Ангелов: Состојбата со водата во Гостивар постепено се стабилизира, но се уште не е погодна за пиење и за готвење

Состојбата со водата во Гостивар посетепено се стабилизира. Бројот на бактерии е…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Состојбата со водата во Гостивар посетепено се стабилизира. Бројот на бактерии е значително намален, но водата се уште не е подобна за употреба како вода за пиење и останува забраната за нејзино пиење и готвење. Водата може да користи како техничка вода. Агенцијата за храна и ветеринарство е таа која што ќе каже кога водата ќе биде добра за пиење, изјави вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, кој воедно е и шеф на Кризниот штаб формиран од Владата. Агелов рече дека најверојатно водата ќе биде дозволена за пиење наредната недела, ако резултатите останат вакви какви што се сега.

Во однос на присуството на бактерија од застоена вода во водоводот, Ангелов во интервју за ТВ Канал 5 рече дека во јавноста настанало недоразбирање бидејќи количината на таа бактерија била многу ниска, но сепак ја прави водата непогодна за пиење, но не и опасна за граѓаните за користење како техничка вода. Од друга страна, вели тој, поради хиперхлорирањето што трае веќе подолго време состојбата е значително подобрена, но откако ќе се утврди во неколку резултати последователно, барем три дена, дека нема присуство на каква било бактерија, односно дека водата е микробиолошки исправна, треба да се почека вишокот на хлор што е намерно вметнат да ги убие бактериите, да се доведе на нормала и дури тогаш АХВ ќе утврди дали водата е погодна за пиење или не.

Во истиот момент граѓаните, според Ангелов, ќе се соочат со основниот проблем – а тоа е малата количина во водоводниот систем во Гостивар.

Реклама

– Се започнува од овој проблем. Нема доволно вода во водоводниот систем поради што и неколку лица од Водовод ги ставиле несреќно оние цевки во отворена вода за дотур на вода во Градскиот водовод – рече директорот на ДСЗ, кој смета дека треба да се провери зошто водоводот во Гостивар не бил реконструиран досега.  

Тој вели дека е повеќе од сигурен дека некој ќе сноси кривична одговорност, бидејќи има лица кои беа приведени и се во притвор. – Мислам дека ќе бидат покренати соодветни кривични пријави од страна на Јавното обвинителство, така што повеќе од сигурно ќе има одговорност и кривична. Затоа што е недозволиво ваквото однесување на локалната власт, иако еве последниот градоначалник е релативно кратко време, но ова е позиција за да може нешто да промени, рече Ангелов. 

Во однос на пожарите, рече дека од аспект на нивниот број летово имаме безмалку ист број на пожари како минатата или предминатата година, но оти оваа година одговорот е многу подобар и побрз.

– Направивме одредени законски измени, она сè што беше во надлежност на Владата е максимум преземено. Од аспект на ресурси исто така сме подобрени, или барем оние ресурси коишто ги имаме ги ставивме во функција. За првпат после долги години, трите ер-трактори беа подготвени за дејство со три пилоти на почетокот на сезоната, значи на почетокот на јуни пред да започнат пожарите. Тие ја имаат можеби и клучната улога, покрај локалните пожарникари, да не дозволиме ширење на пожарите, односно само неколку пожари да излезат од контрола, условно кажано, и да направат посериозни пожари – рече Агелов. 

Според него, брзата употреба на ер-тракторите им помага на локалните пожарникари, за кои кажа дека се покажало дека се на висина на задачата, излегуваат на терен, пожртвувано се борат против пожарот, и пожарите се совладуваат во прва фаза, пред тие да зафатат поголеми површини или пред да навлезат на терен којшто е тежок за гаснење.