Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утре ќе престојува во официјална посета на Србија, каде што ќе оствари средба со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Посетата следува само неколку недели по нивната средба во Киев, кога Вучиќ за првпат од почетокот на руската инвазија ја посети Украина и учествуваше на самитот Украина – Југоисточна Европа.
Вучиќ тогаш изјави дека со Зеленски взаемно ја потврдиле поддршката за територијалниот интегритет на двете држави и го покани Зеленски во Белград.

Официјалната посета на украинскиот претседател на Србија се оценува како значаен дипломатски чекор во односите меѓу двете земји, имајќи предвид дека Србија, и покрај поддршката за територијалниот интегритет на Украина, сè уште не воведе санкции кон Русија.

