Општина Карпош соопшти дека продолжува со реализација на активности за реконструкција и унапредување на урбаната опрема на детските игралиште и на јавните простори на своја територија.

Како што информираат од општинската прес-служба, во изминатиот период се работело во УЗ Нерези, каде што е целосно обновена урбаната опрема на детското игралиште. Притоа, како што посочуваат, реконструирани се детските реквизити, поставен е нов песок, со што ова детско катче добила нов, модерен лик. Исто така, во рамките на овој спортско-рекреативен комплекс, се замениле и дотраените даски на летниковецот.

Општина Карпош најавува дека и во наредниот период продолжува со интензивна динамика да инвестира во реконструкција и модернизација на детските игралишта и урбаната опрема, со цел создавање поквалитетни и побезбедни услови за своите граѓани.

