Реклама

Новиот закон за Академијата за судии и јавни обвинители наскоро во Собранието

Казни има, но тротинетите се уште ги возат деца

Јавниот и државниот долг на Македонија се стабилни

Во СДСМ остана само талогот: Венко Филипче е само бледа и полоша копија дури и од Зоран Заев

И наставниците се задоволни од успехот на учениците на испитите од државната матура

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Македонија

Неделата на младите во Куманово со работилници, филмски фестивал и дебати за младинските политики

Креативни работилници, младински филмски фестивал, вечери за дружење, спортски активности и јавни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Креативни работилници, младински филмски фестивал, вечери за дружење, спортски активности и јавни разговори за младинските политики, Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) по четврти пат ја организира „Неделата на младите“ во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите.

– Веќе започнаа дел од активностите. Годинава стартувавме со креативна работилница за цртање, која беше организирана на иницијатива на една од нашите волонтерки. Потоа следуваше Младинскиот филмски фестивал, кој се одржува три вечери. По кратката пауза за време на викендот, продолжуваме со вечер за друштвени игри и социјализација во кафе-бар во Куманово, а потоа и со летни водени игри на базен- рече Јована Лазаревска, од ЦИД.

Централниот настан ќе се одржи на 12 август, кога во Младинскиот центар ќе се реализираат младински разговори посветени на младинската работа, младинските политики, младинското учество и лидерството.

Реклама

– Преку плодна дискусија со нашите волонтери и младите од Куманово ќе разговараме за нивните потреби, колку се задоволни од можностите што им се нудат и дали се чувствуваат охрабрени јавно да го кажат своето мислење и да ги споделат своите идеи и проблеми- истакна Лазаревска.

Според неа, интересот на младите за учество во активностите останува висок, и покрај тоа што настаните се организираат во летниот период. Таа посочува дека младите сакаат да ги споделат своите искуства и мислења и активно се вклучуваат во општеството преку различни иницијативи, работилници и креативни активности.

-Годинава објавивме и јавен повик за волонтери за „Неделата на младите“ и интересот беше одличен, што покажува дека младите се мотивирани и заинтересирани да бидат активен дел од заедницата- рече Лазаревска.