Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Во Куманово спроведена кампања „Безбедно на мотор и тротинет – Носи кацига“

Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Отсекот за превенција при СВР Куманово, во соработка со Општинскиот совет за превенција, денеска реализираше превентивна кампања „Безбедно на мотор и тротинет – Носи кацига“, насочена кон зголемување на безбедноста на возачите на мотоцикли, велосипеди со помошен мотор и електрични тротинети. Во рамки на кампањата, на учесниците во сообраќајот им беше укажано на значењето од користењето заштитна кацига како најважен начин за намалување на ризикот од тешки повреди при сообраќајни незгоди.

Од Општина Куманово информираат дека активноста имала за цел да ја подигне јавната свест за одговорното учество во сообраќајот и да потсети дека носењето кацига не е само законска обврска, туку и клучен елемент за личната безбедност. Воедно, до возачите беше упатен апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и законската одредба според која со лесно електрично возило може да управува лице кое има наполнети 18 години.

Од Општината посочуваат дека преку вакви превентивни активности, во соработка со СВР Куманово, продолжуваат да работат на подигнување на јавната свест и унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Реклама