Реклама

Владата не отстапува – историјата и идентитетот се црвената линија која нема да се погази

Цените остануваат стабилни – Инфлација од само 0,1% на месечно и 2,3% на годишно ниво

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Македонија

Работна средба на градоначалникот Костадиновски со новиот началник на ОВР Виница Даниел Трајчев

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска оствари работна средба со новоназначениот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Градоначалникот на Општина Виница, Митко Костадиновски, денеска оствари работна средба со новоназначениот началник на ОВР Виница, Даниел Трајчев.

Приликата, информираат од локалната самоуправа, беше искористена за разговор за заедничките надлежности и области во кои соработуваат Министерството за внатрешни работи и Општината, со посебен акцент на безбедноста во сообраќајот и севкупната безбедност на граѓаните.

Градоначалникот Костадиновски го информирал началникот Трајчев дека Општина Виница изработила сообраќаен проект за поширокото централно градско подрачје, кој во наредните денови ќе биде доставен до СВР Штип за одобрување.

Реклама

-По добивањето на согласноста ќе следува негова реализација, од која очекуваме значително подобрување на сообраќајниот режим, паркирањето и безбедноста на сите учесници во сообраќајот, смета градоначалникот на Општина Виница.

На средбата Костадиновски побарал засилено присуство на полициски патроли и поинтензивни контроли, со цел дополнително да се унапреди јавната безбедност и да се обезбеди поголема сигурност за сите граѓани.

-Верувам дека со добра координација и партнерска соработка ќе придонесеме за побезбедна и поуредена Виница, нагласил виничкиот градоначалник Митко Костадиновски во разговорите со новиот началник на ОВР Виница, Даниел Трајчев.