Реклама

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Македонија

Петрушевски: СДСМ се плаши од функционален систем, „Безбеден град“ е доказ дека институциите функционираат

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук статусот на пратеникот Бране Петрушевски.

Затоа врхушката на СДСМ се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат. Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда.

Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава.

Реклама

Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата. Ќе победи правдата.