Реклама

Десет години од катастрофалните поплави во Скопско: Во невремето загинаа 22 лица

Мицкоски за третата фаза од железничката делница Крива Паланка – Деве Баир: Проектот нема да заврши на половина тунел во слепа улица, сега имаме целина

Демографскиот аларм се засилува, во септември ќе имаме најмалку 3.000 првачиња помалку

Просекот од државната матура е многу добар со оценка 3,66

Стоковна размена од 10,5 милијарди евра во првата половина од годината – Македонија го зголемува извозот

Мицкоски: Податоците на Еуростат ја демантираат опозицијата

СДСМ сега се исплашени од СДСМ: Од најголеми предавници еволуираа во најголеми патриоти

Рекорден број казни од „Сејф сити“ во јули – најмногу за брзо возење

Македонија доби грант од 149 милиони евра за пругата кон Бугарија

Мицкоски: Акумулациите се полни, подготвени сме за сите ризици, не размислување за поскапување на струјата

Николоски: Почнуваме со реализација на третата секција од железничкиот Коридор 8, Македонија станува раскрсница на Балканот

Простор за паника нема – државната каса се полни со забрзано темпо

Македонија

Марков: Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Единствениот кој треба да одговара е Венко Филипче, кој свесно хушка и стимулира млади деца и води политика на креирање тензии и инциденти. Венко Филипче јавно призна дека организирал група, како што тој ги нарекува, деца, свесно и безобѕирно да создадат и искреираат инцидент, жртвувајќи ги и пуштајќи ги низ вода, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од изјавата на пратеникот Петар Марков.

За среќа, народот на Ново Село беше на настанот со премиерот, каде што во огромен број изрази поддршка и не дозволи инцидент, со мирно и совесно однесување.

И потребата на Венко Филипче да се врати од одмор на јахтата на Заев и да се обрати токму од Ново Село е само поради желбата да привлече внимание, откако сè појасно е дека талогот од СДСМ падна на ниски гранки и се занимава со создавање инциденти, наместо со работа.

Реклама

Додека Венко Филипче се занимава со хушкање, инциденти и организирање деца, денес Владата и премиерот Мицкоски обезбедија 149 милиони евра за градба на пруга кон Бугарија, проект кој беше заглавен од криминалната Влада на Заев и на Филипче.

Тие сакаат да се зборува за насилство, а не за работа. Венко донесе бугарски ултиматум и предавства, а премиерот Мицкоски обезбеди 149 милиони евра инвестиции за развој на Македонија. Има разлика.

И сосема на крај, сега е совршено јасно дека талогот во ова општество е Венко Филипче, човек без кредибилитет, без програма и со желба за инциденти и талог кој е подготвен да жртвува и млади деца, за да и ја одземе иднината на Ново Село и Македонија и да си обезбеди фотелја и привилегии. Тој е прочитана книга, а жителите на Ново Село испраќаат порака дека оваа политика е поразена и дека нема иднина.

Впрочем во текот на утрешниот ден ќе успеете да погледнете и разберете кои се децата што Венко Филипче ги нарече деца на Македонија, а со самото тоа ќе успеете да ја процените неговата состојба на ум.