Делегација на Општина Косово Поле (Fushë Kosovë) денеска престојуваше во Дебар, каде оствари средба со градоначалникот Фисник Меља и претседателот на Советот на општината, Африм Кркути.
Гостинската делегација ја предводеше Влоњат Хасани, претседател на Советот на општината, а со него беа и Илбер Келменди, одговорен за култура и Гзим Зоѓани за имотни правни односи.

-На средбата се разговараше за зајакнување на соработката и пријателство меѓу двете општини, а начелно беше договорено и нивно збратимување – објави Општина Дебар.

Со потпишување на меморандум ова ќе биде втора општина од Косово, по Ѓаковица, со која Дебар ќе биде збратимен.

