Реклама

Се бара решение за блокадите на Али Ахмети: Има ли начин да се победи собранискиот проблем наречен ДУИ?!

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Македонија

Црвен крст Куманово подели вода и едукативни флаери за заштита од топлотниот бран

Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Волонтери од Клубот на млади при Општинската организација на Црвен крст Куманово денеска реализираа превентивна акција за заштита на граѓаните од топлотниот бран. Во рамки на активноста, во централното градско подрачје беа поделени 120 шишиња вода и околу 120 едукативни флаери со препораки за заштита од високите температури.

Од Општинската организација на Црвен крст Куманово информираа дека преку непосредна комуникација со граѓаните, младите волонтери ја истакнале важноста од редовна хидратација во текот на летните денови и укажале на ризиците од изложеност на високи температури и ултравиолетово (УВ) зрачење.

Воедно, на граѓаните им биле дадени препораки да избегнуваат престој на отворено во периодот кога температурите се највисоки, да престојуваат во разладени простории или под сенка, да носат лесна и светла облека и редовно да внесуваат течности, со цел да се намали ризикот од здравствени последици предизвикани од топлотниот бран. Акцијата е дел од превентивните активности на Црвен крст Куманово насочени кон подигање на јавната свест за заштита на здравјето за време на летните горештини.