Од 1 јануари до 5 август 2026 година тетовските пожарникари имале вкупно 628 интервенции на пожари, сообраќајни незгоди и технички интервенции. Ова денес го соопшти командирот на тетовската пожарна Авни Амети во текот на брифингот што Општина Тетово го одржа за новинарите кои разговараа со градоначалникот, како и раководителите на сектори и јавни претпријатија.
– Состојбата моментално е многу критична во дел од пожарите, се знае дека имаме високи температури и појава на многу пожари. Дневно имаме 11 пожари. Може да се случи како вчера што имавме до 17 пожари на отворено, истакна командирот на Територијалната противпожарна единица Тетово, Авни Амети.
Тој вели дека прогнозираните високи температури се опасност пожарите да продолжат во наредните десет дена.

– Најкритичниот дел е Општина Теарце каде што имаме отворено и противпожарна станица, што е многу помош за населението таму затоа што сме побрзи поблиску до настаните. Причината е дека намерно има палено огнови. Полицијата е на терен и има 2-3 случаи што фатиле луѓе кога палат пожари, истакна Амети.
Тој потсети дека на 3 август двајца браќа од Брвеница, пријавиле дека нивен сосед во задниот дел од својот двор запалил отпаден материјал, по што огнот се проширил кон нивната земјоделска парцела со површина од околу 2.400 м2, а зафатил и ѕидови од куќата на осомничениот.
ТППЕ Тетово годинава по повик од колеги има трипати интервенирано и надвор од своето подрачје, поточно во Гостивар.

