Реклама

Скопје урива рекорди, но Охрид сепак останува како главна дестинација за странските туристи

Над една милијарда евра за здравството – реновирање на болници, нова опрема и повеќе медицински кадар

„Ова нема да заврши така, ќе има истрага за овој процес“: Премиерот тврди- има груба манипулација од локален јавен обвинител во случајот Марковски

Охрид го живее шпицот на туристичката сезона за Илинден, градот преполн со тинејџери спремни за најавените концерти

Жално македонско судство: Два паралелни правосудни системи, еден за политички и богати моќници, друг за обичните луѓе

13 заразени со западно-нилска треска,тројца пациенти се во критична состојба

Аларм: Силниот топлотен бран носи опасност од пожари на отворено

Дијарејата помина, но опасноста не завршува: По хидричната епидемија можна е појава на жолтица

Промовирани нови 496 полициски службеници

Гужва по патиштата, патарините, граничните премини – пеколни температури за празничниот викенд

Јавниот долг се намалува, Владата будно ја следи инфлацијата

Новиот клинички комплекс во Штип е еден од најголемите приоритети на Владата

Европа се гуши во чад поради пожарите, милиони луѓе изложени на опасен загаден воздух

Јужниот дел на Европа во пламен – пожарите не стивнуваат. Грција, Франција…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јужниот дел на Европа во пламен – пожарите не стивнуваат. Грција, Франција и Шпанија и понатаму се борат со незапирливата огнена стихија која ги зафати деновиве. Жештината, сушата и силните ветрови ги разгоруваат пламените фронтови и ги им ја отежнуваат работата на пожарникарите .Во јужниот дел на Ретимно на Крит, пожарникарите веќе трет ден не можат да се справатсо огнената криза која пеплосува домови, маслинови насади, сточарски фарми и туристички места, од каде се евакуирани околу 2000 туристи. Она што требало да биде летен одмор, за многумина се претворило во кошмар.

,,Oколу 6 часот бевме спасени, требаше да одиме на море само за да бидеме спасени од чамецот. Тоа е толку трауматично, ова му се случува првпат во животот, но сме благодарни што сега сме безбедни.” -вели една од спасените туристки.

,,За нас беше целосно изненадување, но сега сме тука и не знам што треба да правиме, па ќе видеиме.” – вели друга туристка.

Реклама

Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во Агиа Параскеви, нов пожар е регистриран во Аркадија, а пожарот на Парос повторно се активирал. Најголемата загуба од пожарите не е во хектари туку во животи – тројца пожарникари вечера ги загубија своите животи.

Со разбеснетите пожари понатаму се борaт Шпанија и Франција-
огнот со денови пустоши делови од двете земји, уништувајќи шуми и земјоделски површини. Температурите над 38 Целзиусови степени значително ги отежнуваат напорите за негово локализирање. Иако дождот што наврна во изминатите 24 часа донесе мало олеснување, властите предупредуваат дека опасноста се уште не е помината. На дел од повеќе од 220 илјади евакуирани жители веќе им е дозволено да се вратат во своите домови.Како последица на шумските пожари, милиони луѓе се изложени на опасен загаден воздух поради штетните честички кои се содржат во чадот.