Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

„Синот на кројачот“ од Јелена Бачиќ Алимпиќ меѓу новите изданија во акцијата „Со книга на плажа“

Најновиот роман на една од најчитаните авторки во регионот, Јелена Бачиќ Алимпиќ,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најновиот роман на една од најчитаните авторки во регионот, Јелена Бачиќ Алимпиќ, е новото засилување на летниот книжевен избор на „Матица македонска“. Штотуку објавениот „Синот на кројачот“, долгоочекуваното продолжение на бестселерот „Кројачот“, е вклучен во големата акција „Со книга на плажа“.

Под слоганот „Лето создадено од приказни“, акцијата опфаќа околу 490 наслови за различни генерации и читателски вкусови – од актуелни светски и регионални бестселери до дела од македонската книжевност, монографски изданија и литература за деца. Книгите се достапни по специјални летни цени во книжарниците на „Матица македонска“ и преку онлајн-продавницата на издавачката куќа.

-Со вклучувањето на „Синот на кројачот“, во летната понуда влегува книга што до македонските читатели пристигна само неколку недели по регионалната премиера. Романот беше објавен во Србија на почетокот од јули, а уште во првите денови се искачи на првото место на листата „Топ 40 белетристика“ на издавачот „Лагуна“. Под пораката „Животот има крај. Љубовта нема“, Јелена Бачиќ Алимпиќ создава емотивна и динамична семејна сага за изгубеното време, вината, простувањето и искупувањето; за љубовта што ги надживува разделбите и за можноста човек да се соочи со минатото без да се откаже од иднината, наведува  „Матица македонска“.

Реклама

Јелена Бачиќ Алимпиќ е едно од најпрепознатливите книжевни имиња на овие простори, со бројна и верна публика и во Македонија. Нејзините романи објавени на македонски јазик се дел од понудата на „Матица македонска“, а со најновото издание читателите го добиваат продолжението на една од најчитаните актуелни книжевни приказни во регионот.

„Синот на кројачот“ е достапен како дел од акцијата „Со книга на плажа“, по специјална летна цена, во книжарниците на „Матица македонска“ и преку онлајн-продавницата на издавачката куќа.