За Ирска, проширувањето на Европската Унија е еден од врвните приоритети до крајот на годинава. Тие како претседавачи ќе се обидат да го забрзаат процесот на проширувањето. Ќе работат на зацврстување на пристпаните преговори со Црна Гора, а ќе прават напори и за суштински напредок со Албанија, Молдавија и Украина. На агендата се наоѓа и Македонија.
Исто така силно ја поддржуваме Македонија и нејзиното пристапување во ЕУ ии ќе работиме заедно со партнерите од Унијата и со владите тука во Скопје за да видиме кој напредок ќе може да се направи на тоа поле, посочи Брендан Вард, Амбасадор на Р.Иркса
Од Владата велат дека Македонија останува посветена на реформската агенда и исполнување на сите критериуми за полноправно членство во Евроспката Унија.

Владата е во тесна коориднација со министерството за Европски прашања и останатите институции, работи интензивно на исполнување наопредвидените мерки и рокови. Постигнатиоте резултати се јасен показател дека реформите се спроведуваат со сериозен пристап и со силна политичка волја, истакна Виткорија Трајков замени министер за европски прашања.
Не историјата, туку реформите треба да бидат носители за членство на Македонија во Европската Унија. Антонио Милошоски претседателот на комисијата за европски прашања, истакна дека очекува забрзано интегрирање на земјите од Западен Балкан во заедничкиот единствен пазар. Но, и почитување на вредностите кои ги посочи Ирскирот амбасадор во Македонија како висока точка на агендата во претседавањето со Унијата.
Македонија е соремна да разговара за тоа што треба дополнително да се направи за владеењето на правото, што треба да се направи дополнително во јавната администрација, но навистина ни е многу тешко да разговараме за поглавја како политички суети и фрустрации што се случило пред 150 години да бидат детерминанта за тоа што треба да се случи утре како наша заедничка европска иднина, навистина сметаме дека не се релевантни параметри за процесот за проширување, посочи Милошоски.
Милошоски воедно побара поголема поддршка, порационално однсесување на одредени земји кое би било во заеднички интерес. Потенцираше дека не сака да нанесе никаква штета, но повика на прагматичност за развој на ЕУ и зголемување на кредибилитетот за проширувањето.
