Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

Алиу: Реализирани се многу проекти во здравството

Реализирани се многу проекти во здравството – изјави денеска министерот за здравство…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Реализирани се многу проекти во здравството – изјави денеска министерот за здравство во заминување Азир Алиу осврнувајќи се на периодот од 13 месеци, од 9 јуни 2025 година до вторник (14 јули) или среда (15 јули), откога ја извршува функцијата.

– Успех е тоа што 15 закони веќе се работат, некои од нив поминаа, дел е од законодавниот екосистем во државата, а други се во тек. Вториот момент е дека дигитализацијата ја ставивме како дел од здравствениот систем како битен момент и таа ќе продолжи. Државата ја вградивме како дел од европските држави во EU4health, еден од најголемите европски проекти за здравство, кој ќе даде не само фондови за нашата држава туку и експертиза, но исто така и систем на одржување на податоците – рече Алиу на средба со новинарите.

За жал, посочи тој, не успеавме да направиме поврзување на здравствените системи со финансискиот момент бидејќи ценам дека клучен момент е граѓанинот да избира дали сака здравствената услуга ја ја добие во јавна или во приватна здравствена институција затоа што, на крајот на краиштата, тој фонд се озбезбедува од наши средства. Според него, граѓаните треба да избираат меѓу една или друга институција за да може да ги добиваат здравствените услуги онаму каде што ценат дека се подобри и поефикасни.  

Реклама

Во врска со предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи, Алиу рече дека тој е еден од најбитните закони во Министерството за здравство од оние 15 што веќе ги изработиле.

– Првата фаза на усогласување помина, во втората фаза помина на седница на Влада, во третата фаза, во рамките на процедурите во Собранието, првото читање помина, во второ читање има осум амандмани, кои треба да се разгледаат. Направивме експертска група, која ќе ни дава мислење за тие амандмани, за кои треба да се произнесе новиот министер од наредната недела за да може законот да ја помине и таа фаза и на пленарна седница да се изгласа. Ценам дека за две-три недели ќе треба законот да биде дел од нашиот законодавен систем бидејќи е многу битен за здравјето на нашите граѓани – истакна Алиу.

Посочи дека е министер во заминување и не сака да влегува во детали.

– Новиот министер за здравство, со кого денеска имав состанок, го информирав за сите отворени процеси, за сите процеси што се завршени. Најверојатно, од наредната недела ќе биде повеќе инволвиран во законот и ќе даде одговор на повеќе прашања – појасни Алиу.  

Одговарајќи на новинарско прашање за проблемот со недостиг на екипи за Итната медицинска помош, рече дека тоа е тренд во светот и дека завршиле сите процедури за парамедици. Нагласи дека чекаат одговор од Сенатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје за да помине новата студиска програма од три години за парамедици, со што ќе се овозможи нашите екипи да бидат пооптимални, подобро организирани, но, од друга страна, да има предвидливост за Итната медицинска помош бидејќи, освен инфраструктурата, еден од главните проблеми е и човечкиот фактор.

– Не може да се креираат тие тимови бидејќи докторите одвреме-навреме се таму, а потоа се префрлуваат на специјализации и супспецијализации и одат надвор од таа институција и цело време кубуриме со кадар таму. Тие се тригодишни студии на Медицинскиот факултет, кои не ги направивме заради наша креативност, туку тренд е во светот. Чекаме да поминат на Сенатот на УКИМ, да се одобрат, потоа одат во Министерство да образование. Не може некој со три месеци обука да работи, туку тоа се тригодишни студии и оние што ќе ги завршат, ќе знаат како да ракуваат со тие перформанси. Освен овие студии, тие екипи ќе ги поврземе со експерти од клиниките и болниците во Скопје за да може, ако треба, дополнителна помош, експертиза, да може тоа да се укаже – рече Алиу.  

Во врска со извештаите за непотребно извршените кардиохируршки интервенции, рече дека тие со целиот материјал поминале на затворена седница на Владата и тука завршил процесот на Министерството за здравство.

– Доставени се материјали до институциите. Ако има потреба од дополнителни информации, Министерството ќе ги даде – додаде Алиу.