Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

МВР дел од меѓународна операција за сузбивање онлајн-измами и перење пари координирана од Интерпол

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи, преку Секторот за компјутерски криминал во содејство со Секторот за меѓународна полициска соработка, учествуваше во меѓународната операција FIRSTLIGHT 2026 за сузбивање на онлајн-измами и перење пари, координирана од Интерпол, која се реализира во периодот од 15.1. до 30.4.2026. Во операцијата учествуваа надлежни институции од 97 држави и територии, со заедничка цел – откривање и сузбивање измами со модус социјален инженеринг и поврзани активности на перење пари – соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Измамите засновани на социјален инженеринг претставуваат облик на криминал при што сторителите ја злоупотребуваат довербата на граѓаните и правните лица со цел незаконско стекнување парични средства или доверливи информации. Во оваа категорија спаѓаат измами преку компромитирање службена електронска пошта (business e-mail compromise), инвестициски измами, романтични измами, измами со лажно претставување, сексуална уцена (sextortion) и други форми на онлајн-измами – пишува во соопштението.

Во рамките на операцијата на глобално ниво биле спроведени интензивни активности за размена на оперативни и разузнавачки информации, претреси на локации, блокирање и замрзнување банкарски сметки и виртуелни паричници, како и користење на механизмите на Интерпол за брзо запирање на незаконски финансиски трансакции.

Реклама

На глобално ниво, операцијата резултирала со лишување од слобода 5.811 лица, идентификација на повеќе од 142.000 жртви, анализа на 152.808 случаи, решавање 23.715 случаи, идентификација на 15.606 осомничени лица, блокирање 31.014 банкарски сметки, пресретнување речиси 293 милиони американски долари незаконски стекнати средства, издавање 99 известувања и дифузии преку Интерпол.

– Учеството на Министерството за внатрешни работи во оваа глобална операција уште еднаш ја потврдува важноста на меѓународната полициска соработка во борбата против киберкриминалот, финансискиот криминал и транснационалните организирани криминални групи. Министерството ќе продолжи активно да соработува со Интерпол и со меѓународните партнери во откривањето, спречувањето и гонењето на сторителите на онлајн-измами и заштитата на граѓаните од пософистицираните облици на дигитален криминал – се додава во соопштението.