Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДСМ, Владата реализира конкретните мерки и програми за младите

СДСМ во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да  креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално.

СДСМ  уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. СДСМ додека беше на власт не направи ништо за младите, СДСМ  ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините.

Реклама

Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа.

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.

Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.

Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.

Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со овие и со многу други различни мерки и проекти, работи заедно со младите, за да изградиме подобра иднина за секого.