Реклама

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Енергетската независнот врвен приоритет, интензивно се реализираат повеќе преокти

Македонија

МВР: Официјалната посета на генералниот секретар на Интерпол ги потврди стратешката соработка и довербата во македонската полиција

Официјалната посета на генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, на земјата ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Официјалната посета на генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, на земјата ги потврди стратешката соработка и довербата во македонската полиција – соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Посочуваат дека дводневната посета била посветена на натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, јакнењето на меѓународната полициска соработка и развојот на професионалните капацитети на македонската полиција.

Потсетуваат дека официјалната програма зпочна во Охрид, каде што генералниот секретар Уркиза беше пречекан од директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. На билатералната средба беше разговарано за продлабочување на оперативната соработка, размената на информации и заедничките механизми за справување со организираниот и прекуграничниот криминал. Во рамките на посетата Уркиза ги посети културно-историските знаменитости на Охрид, како и мешаните македонско-српски полициски патроли и Езерската полиција, каде што беше запознаен со моделот на регионална полициска соработка во текот на туристичката сезона.

Реклама

Во Министерството за внатрешни работи министерот Тошковски и директорот Јанев остварија работни средби со генералниот секретар Уркиза, на кои беше потврдена заедничката определба за понатамошно јакнење на партнерството со Интерпол, развој на професионалните капацитети, размена на информации и координирано дејствување во борбата против организираниот и транснационалниот криминал, киберкриминалот, трговијата со луѓе, илегалната миграција, тероризмот и финансиските истраги.

Министерот Панче Тошковски истакна дека посетата на генералниот секретар Уркиза претставува силна потврда за довербата што македонската полиција ја ужива во рамките на најголемата меѓународна полициска организација.

– Продолжуваме да инвестираме во модерна, професионална и европска полиција затоа што само преку силни партнерства, меѓусебна доверба и заедничко дејствување можеме успешно да се справиме со современите безбедносни предизвици и да обезбедиме поголема сигурност за сите наши граѓани – истакна Тошковски.

Генералниот секретар Валдеси Уркиза ја поздравил активната улога на македонската полиција во меѓународните операции на Интерпол нагласувајќи дека Северна Македонија е кредибилен и доверлив партнер, кој дава значаен придонес во глобалната борба против транснационалниот криминал.

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, истакнал дека посетата претставува признание за професионалноста на македонската полиција и потврда за успешно изградената меѓународна соработка.

– Особено значајно е што македонската полиција има свои претставници во структурите на Интерпол, а Националното централно биро Интерпол – Скопје секојдневно дава значаен придонес во меѓународната размена на информации и заедничките оперативни активности. Силните партнерства и меѓусебната доверба остануваат основа за градење побезбедна иднина за сите наши граѓани – рече Јанев.

Во рамките на официјалната посета генералниот секретар на Интерпол оствари средба и со службениците од Националното централно биро Интерпол – Скопје, го посети Одделот за форензички испитувања при Министерството за внатрешни работи, а во кругот на Министерството положи свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите полициски службеници оддавајќи почит на нивната жртва и служба во заштита на безбедноста на граѓаните.